“БРАНИТЕЛ ЕВРОПА 20” НЕ Е ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА, НИТУ ПАК 40,000 АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ СЕ РАСПОРЕДУВААТ ВО ЕВРОПА

By март 18, 2020 март 26th, 2020 Corona, DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#99

Дата:

13.03.2020

Извор:

hs-chocostory.info

Време на читање:

5 мин.

Оригинален наслов Дали е можно? Во моментов, 40,000 американски специјалци се распоредуваат ширум Европа, додека медиумите нè “ЗАБАВУВААТ СО КОРОНАТА”.

Во изминатите неколку дена, повеќе читатели на F2N2  се обратија до нас и побараа да се проверат информациите на постовите на српски веб-сајтови кои се шират преку фејсбук профили во Северна Македонија, а кои се однесуваат на наводно распоредување на 40.000 американски војници во Европа.

Насловот и текстот не кореспондираат еден со друг. Имено, во насловот се наведува дека 40.000 американски војници се распоредуваат во Европа “додека медиумите нè забавуваат со корона вирусот”, додека пак, во понатамошниот текст се дава детално објаснување за улогата на секоја земја-учесник во вежбата. Исто така, во текстот се изнесени информации од непознати високи американски офицери кои наводно изјавиле дека “американските војници се потполно здрави, и оттука се имуни на корона вирусот”. На крајот, авторот на текстот поставува низа прашања, а меѓу другото прашува и “aко војниците се имуни на коронавирус, дали тоа значи дека вирусот не е толку опасен, или дали веќе постои вакцина?”

Порталот, преку извртување на официјалните информации за вежбата креира теорија на заговор чија крајна цел е да се претстават САД и сојузниците во негативен контекст, а воедно и создавање на чувство на несигурност кај граѓаните.

Линк до архивираниот оригинален натпис може да го најдете овде.

Истата статија, со речиси идентична содржина, е споделена од повеќе веб-портали доминантно од БиХ ljepota-islama.infoavaz-live.com, banjaluka.com и други.

Вежбата “Бранител Европа 20” (DEFENDER EUROPE 20), претставува една од најмасовните мултинационални воени вежби на НАТО сојузниците и партнерите предводени од САД, која е планирана да се одвива од Април до Мај 2020 година, а подготвителните и завршните активности предвидени со вежбата ќе се одвиваат од Февруари до Јули 2020. Оваа вежба има за цел да демонстрира единство – сојузниците и партнерите на НАТО заедно се посилни, како демонстрација на воената способност на САД да ги заштити своите сојузници и партнери од Европа.

Имено, ова е вежба со најголемо учество на американски војници во последните 25 години. Тоа што не е точно е дека 40,000 американски специјалци ќе учествуваат на вежбата. Поточно, во вежбата е предвидено да земат учество 18 земји од кои 10 земји ќе бидат домаќини на вежбовни активности, со вкупно 37,000 војници од кои 20,000 се американски а 2,600  се британски војници, додека пак останатите 14,400 војници ќе бидат распоредени од останатите 16 земји-учеснички во вежбата.

Извор: Армија ОК на Велика Британија и Северна Ирска

Според официјалните податоци објавени на SHAPE (Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа кој е седиште на сојузничките командни операции на НАТО), вежбата предвидува распоредување и повлекување на војниците која ќе се одвива во неколку чекори.

Преку социјалните мрежи, но и во насловот на статиите, оваа вежба се претставува како тајна операција што се одвива во сенка на пандемијата на корона вирусот COVID-19. Вежбата “Бранител Европа 20” e најавена уште на 7 октомври 2019 година.  Не е точно дека се работи за некаква тајна операција, туку за мултинационална вежба предводена од САД и сите информации за ова вежба се јавно достапни со месеци. Во нашата земја неколку портали веќе пишуваа за оваа вежба, како што се Нова Македонија, Вечер, и други. Сите официјални информации може да се најдат на специјализираниот сајт “Бранител Европа 20”. Во однос на теориите на заговор за COVID-19, првиот случај на корона вирус во Кина е регистриран на 17 ноември 2019 година, а вежбата е најавена 40тина дена пред да се појави вирусот.

Во текстот се тврди дека американските војници се имуни на COVID-19. Тимот на F2N2 не успеа да пронајде ниту една изјава од високи американски офицери кои наводно изјавиле дека американските војници се имуни на корона вирусот. Најмалку 13 припадници на министерството за одбрана на САД се заразени со корона вирусот, од кои само 6 се вработени, а 7 се членови на нивните семејства. Оттука, не е точно дека американските војници се имуни на корона вирусот COVID-19. ,  Истотака, најмалку 2 високо рангирани воени команданти во Европа од земји-членки на НАТО се позитивни на корона вирусот.

Тоа што е точно е дека американските воени лекари од Центрите за контрола и превенција на болести изјавиле дека постарите лица и возрасните со слаб имунолошки систем се изложени на најголем ризик од развој на корона вирусот COVID-19. Според нив, повеќето војници се млади, а заради фактот дека COVID-19 претставува најголем ризик за постарите лица и лицата со нарушено здравје и слаб имунитет, истите се сметаат за способни за работа.

Согласно новонастанатата ситуација, на 13.03.2020, NAТО SHAPE (Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа кој е седиште на сојузничките командни операции на НАТО) објави соопштение до јавноста во кое, меѓу другото се наведува:

…„Здравствената заштита на нашите сили и заштитата на нашите сојузници и партнери е најголема грижа. Сериозно ја сфаќаме појавата на коронавирусот…

….Во светло на појава на коронавирус (COVID-19), усвоени се измени и ќе се намали бројот на учесници од Соединетите американски држави во “Бранител Европа 20”. Ова може да предизвика влијание и врз сојузниците на НАТО кои ќе присуствуваат на вежбата. Целиот маневар не се откажува…”

Вежбата “Бранител Европа 20” е предвидена да се одвива во земјите од северна Европа, вклучувајќи ги Белгија, Холандија, Германија, Полска, Литванија, Латвија и Естонија. Сите овие земји имаат пријавено случаи на корона вирус COVID-19. Иако Италија е една од земјите-учеснички во вежбата, согласно официјалните информации од Американската војска и НАТО, ниту една вежбовна активност не е предвидена да се одвива во Италија.

Да заклучиме, податоците изнесени во оригиналната статија се од неверодостојни и непроверени извори и одредени информации се намерно злоупотребени за извртување на фактите,а со цел да создадат чувство на несигурност и паника помеѓу граѓаните, како и ширење на анти-НАТО и анти-САД наратив  во општеството.

Leave a Reply

Share via
Copy link