ВАКЦИНАЦИЈАТА Е БЕЗБЕДНА!

By јули 10, 2019 март 25th, 2020 F2N2 ANALYSIS

Манипулирањето на јавноста од страна на порталот Infomax продолжува

Порталот Infomax и понатаму продолжува со манипулирање на јавноста, овој пат во врска со вакцинацијата како еден од изворите за „стекнување“ на болести кај децата, под наслов дека вакцините не се безбедни и дека Европскиот суд донел одлука каде што тврди дека вакцините предизвикуваат болести!

Како прво, самиот наслов е тенденциозен и претставува една обична лага бидејки не е соодветен на текстот  од тврдењето на ЕУ комисијата за вакцинацијата каде што се вели: „Вакцинацијата е главната алатка за примарна превенција на болеста и една од најекономичните мерки за јавното здравство на располагање. Имунизацијата преку вакцинација е најдобрата одбрана за превентива што ја имаме против сериозни, а понекогаш и смртоносни  заразни болести. Благодарение на широко распространетата вакцинација, сипаниците се искорнети, Европа стана слободна од детската парализа (поиомиелитис), и многу други болести речиси елиминирани“.

Во продолжение на статијата се вели: Денес, повеќе од 100 милиони деца се вакцинираат годишно од болести како што се дифтерија, тетанус, пертусис, туберкулоза, полио, сипаници и хепатитис Б. Вакцинацијата спречува околу 2.5 милиони смртни случаи ширум светот секоја година и ги намалува трошоците за лекување специфични болести, вклучувајќи ги и антимикробните третмани (пропишани за вирусни инфекции). И покрај нејзиниот брилијантен рекорд, неколку ЕУ и соседни земји моментално се соочуваат со невидени епидемии на болести поради недоволно ниво на покриеност со вакцинација а истите може да се спречат со примање на вакцина. Нееднаквиот пристап до вакцините и намалувањето на довербата на јавноста во вакцинацијата се причина за загриженост и голем предизвик за експертите за јавно здравство.

Како манипулира порталот со јавноста?

Со цитирање на вистински случаи во Франција, каде што извесен пациент година дена после примање вакцина против hepatitis B стекнал заболување под име Мултипна Склероза, намерно ја замајува јавноста дека и највисоките институции за правда во ЕУ како што е Европскиот суд на правда,имаат донесено одлука за предупредување против вакцинирањето, што не е вистинито во овој случај. Самата одлука е дискутабилна бидејки не се заснова врз научни истражувања и не е поткрепена со актуелните научни сознанија, а најсериозно дезинформирање е тоа што се премолчува одбивањето на оваа одлука од страна на научната заедница.

Овој тип на пропаганда којшто сее недоверба кон здравствениот систем ширум светот, се манифестира и во други наслови коишто Инфомакс ги објавува, како што е приказната дека во Јапонија растат најздрави деца и покрај тоа што најголем број не се вакцинирани. Според последните истражувања кои што се спроведени од страна на Universal Declaration of Human Rights во рамките на End of Childhood Report 2018, Сингапур е наведена како прва држава во светот со најбезбедна и најздрава млада популација како резултат на широка примена вакцинација. Доаѓаме до заклучок дека Инфомакс намерно шири дезинформација и вести кои не се поткрепени со факти, се со цел да ја наруши довербата во институциите.

Ова е само еден пример којшто тимот на F2N2 го приложува, со цел овие извори на дезинформации да се разобличaт, а истовремено се надева дека медиумите ќе започнат да применуваат префесионален начин на информирање и етичност. А пак за читателите, предлагаме не секоја вест да се зема здраво за готово, туку да истражат добро пред да донесат било какви заклучоци.

На следниов линк можете да ги прочитате официјалните ставови на Европската Комисија за вакцинацијата и нивната доверба во приминување на тој метод на превенција од разните болести.

Leave a Reply

Share via
Copy link