“Вакцина” против лажни вести

Tags: Bad news gameFact checkingFake news vaccine
By август 1, 2019 март 25th, 2020 EXPERT ANALYSIS

Лажните вести се третираат како сериозно прашање кое може да му наштети на општеството и на психолошката добросостојба на луѓето. За да го докаже тоа,  холандската медиумска организација “ДРОГ” во соработка со научниците од Универзитетот во Кембриџ, Џон Розенбик и Сандер ван дер Линден, Ви помагаат да станете свесни за медиумите, играјќи игра наречена “Лоши Вести”, која во исто време има и социјално влијание. Играта е опишана од медиумите како “вакцина против лажни вести”. Во играта, играчите ја преземаат улогата на продуцент на лажни вести и учат да ги совладаат шесте документирани техники кои најчесто се користат во креирањето на дезинформациите: поларизација, предизвикување на емоции, ширење на теории на заговор, тролање на луѓе преку интернет, отфрлање на вината и имитирање на лажни профили. Играта се базира на метафора за инокулација, каде што превентивното изложување, предупредување и запознавање на луѓето со стратегиите што се користат во креирањето на лажни вести помага да им се даде когнитивен имунитет кога се изложени на вистинска дезинформација.

Брзото ширење на “лажните вести” и дезинформации на интернет е сé поголема закана за демократскиот процес (Левандовски, Екер и Кук, 2017, ван дер Линден, и др., 2017a, Ијенгар и Масеј, 2018) и може да имаат сериозни последици во донесувањето одлуки врз основа на докази за различни општествени прашања, почнувајќи од климатските промени и вакцинациите до меѓународните односи (Поланд и Шпиер, 2010; ван дер Линден, 2017, ван дер Линден и др., 2017b, Лазер и др., 2018). Во некои земји, брзото ширење на дезинформациите преку интернет претставува дополнителна, физичка опасност, што понекогаш води кон повреда, па дури и смрт. На пример, лажните гласини за киднапирањето на WhatsApp доведоа до линчувања на толпите во Индија (BBC News, 2018a, Фартијал, Патнаик и Инграм, 2018). [1]

Лажни вести во училницата

Многу научници, медиуми, политичари, дури и наставници, сугерираат дека децата, особено тинејџерите треба да научат за лажните вести за да не бидат нивни жртви. Проверувањето на фактите може да биде деликатно, па според тоа многу алатки за развој кои ќе им помогнат на луѓето да се справат со лажните вести може да бидат многу важна алатка за општеството, а пример за таква алатка е играта “Лоши Вести”. Досега, илјадници луѓе ја играле 15-минутната игра, а анализата на 15.000 од овие резултати сега се објавени. Додека играта не го промени начинот на тоа како учесниците ги перцепираа вистинските вести, тие беа во просек 21 процент подобри во одредувањето на веродостојноста на лажните вести откако ја играа. Ова укажува на фактот дека играта не само што ги прави скептични учесниците; туку исто така ги обучува да забележуваат специфични стратегии за измама. Уште подобро, оние кои беа повеќе подложни на наслови на лажни вести на почетокот на играта се чини дека имаат најголема корист од оваа “психолошка инокулација”.

“Сметаме дека само петнаесет минути игра има умерен, но особено значаен ефект кога се шири низ илјадници луѓе ширум светот, ако размислуваме во смисла на градење општествен отпор кон лажните вести”, вели ван дер Линден. [2] Студијата објавена во списанието Palgrave Communications покажа дека играњето “Лоши Вести” им помогна на корисниците да развијат “ментални антитела” против лажни вести. Резултатите покажаа дека играчите имаат 21% помалку шанси да веруваат во лажни вести отколку пред да ја играат играта. Тимот ја преведе играта на девет јазици, вклучително и германски, српски, полски и грчки, во партнерство со британското Министерство за надворешни работи, а WhatsApp овласти нова игра за платформата за размена на пораки, рече CDSMLab.[3].

А дали вие би ја играле играта?

Мерал Мусли Тајроска – Психолог, експерт за насилен екстремизам и радикализам, активист за правата на жените

 

 

 

[1] https://www.nature.com/articles/s41599-019-0279-9

[2] https://www.sciencealert.com/a-simple-online-game-works-like-a-vaccine-against-fake-news

[3] https://www.thejakartapost.com/life/2019/06/25/online-game-helps-fight-the-spread-of-fake-news-study.html

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap