ВО ИСТО ВРЕМЕ БОРБА ПРОТИВ COVID-19 И ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ

By март 22, 2020 март 26th, 2020 Corona, F2N2 ANALYSIS

На социјалната мрежа Фејсбук од страна на приватен корисник со отворен профил е споделена слика на која што се гледа министерот Венко Филипче во операциона сала. Над фотографијата е напишано: Додека некои веќе спијат министерот оперира и спасува живот. Поклон до земја за неуморниот Венко Филипче.

Иако станува збор за еден позитивен пост, сепак истиот е дезинформација. Ова го потврди и самиот министер Филипче во пост на неговиот Твитер профил, во кој што објаснува дека фотографијата е направенa во 2019 година. Истакнува дека во време на светска пандемија  целосно се фокусирани на справувањето со коронавирусот, а во исто време замолува да не се споделуваат дезиформации поврзани со истата.

Во друг пост пак, на неговиот официјален Фејсбук профил министерот истакна дека:

Битката со вирусот ќе ја добиеме многу полесно ако ја добиеме и битката со лажните вести, неточните информации и непроверените препораки. Сите овие придонесуваат до креирање на паника која е многу опасна во услови на криза. Како да постапувате, кои се симптомите, како и дали се лекува – информирајте се само од релевантни извори.

Ова е период исполнет со емоции и неизвесност. Секој човек различно ги доживува ваквите тешки околности. И покрај се мора да бидеме внимателни кога објавуваме на социјалните мрежи. Во овој случај сакаме да веруваме дека објавата на оваа фотографија е ненамерна грешка направена во најдобра намера. Сепак понекогаш ваквите објави може да предизвикаат конфузија и измешани чувства во јавноста. Во вакви времиња тоа е последното нешто што ни треба. Индивидуалните постови често се злоупотребуваат за пропагандни цели, затоа провери пред да споделиш!

Leave a Reply

Share via
Copy link