ГОВОРОТ НА ОМРАЗА Е КРИВИЧНО ДЕЛО

By септември 14, 2019 F2N2 ANALYSIS

Говорот на омраза останува комуникациска алатка која често се користи на социјалните мрежи.

Миленко Неделковски во повеќе наврати, говорот на омраза го користи во својот речник, особено на неговите профили на социјалните мрежи.

Во конретниов случај, тој промовира омраза кон министерката Радмила Шеќеринска, комбинирајќи го својот наратив со манипулација.  Неговата цел е да предизвика ширење на лажни факти за Шеќеринска, но и да потикне омраза кон неа.

Неделковски преку шпекулација сака да ја манипулира јавноста, наведувајќи ја на погрешен заклучок. Вистината е дека министерката за одбрана е активна и присутна на сцената. Радмила Шеќеринска денот на независноста го одбележа заедно со офицери, амбасадори и аташеа за одбрана од редот на амбасадите, со кои заедно се искачија на Галичица.

Користењето вулгарен и насилен речник, надополнет со фотографијата од т.н. „Крвав четврток“ е силен обид за  изразување и насочување на омраза кон министерката за одбрана.

Говорот на омраза е кривично дело и може да се пријави во Министерството за внатрешни работи. Говорот на омраза на социјалните мрежи, може да се пријави во одделението за електронски криминал при МВР.

Leave a Reply

Share via
Copy link