Жените како мета на вулгарна дискриминација на некои медиуми

By август 15, 2019 F2N2 ANALYSIS

Порталот Доказ често објавува написи, во кои со сензационалистички наслови, се обидува непримерно сексуално да ги дискредитира жените. Написите на порталот се полни со евидентни стереотипи и дискриминаторски наративи кои се однесуваат на женскиот род. Во најголемиот дел од написите, сензационалистичкиот наслов не е потврден со докази што е спротивно на принципите за новинарско известување. Не само што дискриминира, туку и се изживува бидејќи за нив не зборува од професионален аспект, или за задачата која што ја извршуваат во власта, туку за нивниот приватен или сексуален живот на начин што во очите на луѓето би изгледале како друга категорија.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска во неколку наврати била изложена на непримерна дискредитација преку  серија на непримерни, дискриминаторски, навредливи, сексистички, вулгарни наслови. Написите се напишани во трачарки стил, и се гледа дека имаат за цел само оцрнување на личноста на Лукаревска, а не да укажат на некаква злоупотреба која што евентуално ја направила.

Тимот на F2N2 регистрираше серија написи со непрофесионални, навредливи и дискриминирачки написи за директорката на УЈП, Сања Лукаревска на интернет порталот Доказ, објавени на:

11.06.2019, 22.06.2019, 05.06.2019, 18.05.2019, 13.06.2019, 13.07.2019.

Секој текст поединечно е поскандалозен од другиот, и се гледа дека се напишани во низа, како одговор или одмазда за нешто. Еден текст е објавен во Мај, четири во Јули, и еден во Јуни.

Така на пример во текстот објавен во месец Јули, авторот на текстот го вметнал името на Лукаревска „од небо“. Зборува за „Парада на гордоста“ и  „Сојузот за живот“, а Лукаревска ја пишува во текстот и се реферира како расипувач на семејства, а притоа не дава никаков доказ.

Слично како и во горендаведениот текст, и во овој текст во насловот се дава друга претстава за Лукаревска, како жена, дека се надградува во функцијата на друг начин, а не мериторно.

Во другиот текст текст пак не само за Лукаревска туку и за сите жени вработени во УЈП се зборува на безобразен начин како доаѓале на работа без долен веж, со длабоко деколте или оделе боси.

Иако Комисијата за жалби при СЕММ на седницата одржана на 24.06.2019 донела одлука според која порталот Доказ го прекршил Кодексот на Новинарите во членовите 1, 10 и 11 по основ на жалбата за текстот со наслов „САЊА ЛУКАРЕВСКА МИНИСТЕРКА ЗА ФИНАНСИИ? НЕКОЈ ОЗБИЛНО СИ ДИГА ЦЕНАТА ИСТО КО ШТО СИ ГИ ДИГА И НОЗЕТЕ“ објавен на 05.06.2019., оваа одлука не го спречила сопственикот на онлајн порталот Доказ да продолжи со ваквите непримерни објави, фокусирани кон дискредитирањето и нарушувањето на угледот на Лукаревска.

Не гледаме друга цел на написите, освен оцрнување без докази со цел нарушување на угледот на успешните жени и создавање на лажна перцепција во општеството дека жените не поседуваат доволно вештини, за да бидат успешни и рамноправни со мажите.

Новинарите и медиумите не смеат да пренесуваат непроверени информации, со кои ги загрозуваат човековите права или слободи. Ваквите написи преставуваат полова дискриминација, ширење мизогинија и сексизам.

Медиумите и новинарите мора да ја негуваат културата и етиката во своите известувања. Ваквиот начин на медиумска комуникација е непримерен, што е неприфатливо за професионален новинар или медиум. Медиумите мора да ги почитуваат правилата за професионално известување.

Leave a Reply