ЗАЕВ ПОВТОРНО МЕТА НА СПУТНИК

Гласилото на Кремљ во Србија, српски  Спутник го активираше алармот за пропаганда. Лажната порака гласи дека премиерот Заев ја депонирал оставката.

„Premijer Severne Makedonije Zoran Zaev podneo je ostavku, javlja italijanska agencija ANSA pozivajući se na evropske diplomatske izvore.“ – пишува Спутник, повикувајќи се на италијанската државна агенција Анса.

Спутник за многу кратко ја освежи верзијата на лажната вест:

    „Како незванично сазнајемо, Заев је ковертирао оставку и о томе обавестио стране амбасаде.“-напиша Спутник  во освеженото издание во 16:25,  на верзијата која првично ја објави во 15:58 на 18.10,2019.

Лажната вест ја пренесоа неколку медиуми од Србија: Информер, Наслови.нетЕспресо, Српска дијаспора, Ало, Србија денес, Пинк, Мондо.

Вистината е дека премиерот Заев не депонираше оставка, како што манипулираат некои медиуми.  Заев по средбите и насоките со европските лидери на прес конференција на 19.10.2019, побара брзи избори.

 

Leave a Reply

Share via
Copy link