ИНТЕРНЕТОТ ГОРИ СО ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР ЗА НОТР ДАМ

By април 19, 2019 март 25th, 2020 D-NARRATIVE

ИНТЕРНЕТОТ ГОРИ СО ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР ЗА НОТР ДАМ

Додека пожарникарите ја сопираа огнената стихија чии јазици го голтаа Нотр Дам, интернетот се загреа од теориите на заговор, кои се појавија како вируси и во овој случај. Твитер и Јутјуб се бореа да ги сопрат распространувачите на овие теории кои се појавуваа од анонимни профили. Француските власти, кои ги испитуваат причините за пожарот, уште веднаш ја отфрлија теоријата на тероризам.

Теориите на заговор и лажните вести за пожарот во Нотр Дам кој се случи на 15.04.2019, го запалија Интернет просторот, скоро во истиот миг. Дезинформациите и погрешно пренесените информации, од порталите се префрлија на социјалните мрежи, следејќи ја патеката за ширење на лажните вести. Но, сликите и видеата од огнената катедрала брзо циркулираа и на социјалните мрежи. Дел од нив дадоа свој придонес во наративите кои беа користени во теориите на заговор.

Како позначајна теорија се издвои тврдењето дека овој пожар е смислен и планиран. Оваа теорија беше претставена преку една од вообичаените страни за ширење лажни вести на светско ниво- Info Wars. Тврдењето почиваше на твит кој подоцна е избришан.

Голема група твитерџии се обидуваа да ја претстават својата опција, вметнувајќи видеа со прашање за идентитетот на човекот кој шета. Анонимни корисници користеле алатки за уредување со цел да помогнат во ширењето на теориите на заговор.

Ни Јутјуб не беше поштеден.  По грешка, алгоритамот од линкот на пожарот го поврза со нападот и уривањето на Кулите близначки во САД на 11 септември 2011, што веднаш ја наелектризира атмосферата.

Во опциите се вклучи и теоријата за тероризам. Видео на Јутјуб, кое е погледнатo над 40.000 пати, го користи еден човек кој изговара „Алах Акбар“, над видеото со пожарот. Видеото е преместено на Твитер, каде се ретвитуваше се додека не беше отстрането вечерта на 15.04.2019.

Теориите за пожарот не стивнуваат на Интернет.  Корисниците на друштвените мрежи со голем број следбеници, ги промовираа сите опции од теориите на своите профили. Не се штедат ни расните или верските елементи, со цел теоријата да се шири побрзо и полесно.

CNN беше меѓу првите светски медиуми кои објавија сторија за разобличување на лажните вести, како и информациите кои беа погрешно пренесени во јавноста.

 

Теориите на заговор за овој немил настан, пронајдоа свои следбеници и во Република Северна Македонија. Агитаторите на овие теории ги искористија своите профили на друштвените мрежи со цел да го поттикнат ширењето на овие теории и кај следбениците во земјава. Во своите теории ги вметнуваа скоро сите опции, дел од нив во прашална форма, дел суптилно, како што впрочем најчесто се случува кога станува збор за теории на заговор или за недоволно истражени прашања.

 

Радикален ислам беше една од опциите во нивните теории.

 

Не беше исклучена ни опцијата дека пожарот е смислен со цел да се одвлече вниманието од протестите на жолтите елеци. Вклучена беше и опцијата за поврзаност со настаните како: Кулите близначки на 11 септември, метрото во Лондон и сл.

 

Во вторникот на 16.04.2019, Твитер објави извештај со детали за отстранување на говорот на омраза. Од таму истакнаа дека системот успеал да сопре 38% од навредливите содржини кои биле постирани на платформата, пред тие да стигнат до јавноста. Наскоро, компанијата ќе ги ажурира своите правила со цел да го спречи говорот на омраза.

 

Други портали кои ја објавија веста: https://www.news5cleveland.com/news/world/the-internet-is-already-awash-in-notre-dame-conspiracies

https://www.mediaite.com/tv/shep-smith-ends-interview-with-french-official-floating-notre-dame-conspiracy-were-not-doing-that-here-not-on-my-watch/

 

 

Leave a Reply

Share via
Copy link