Како дезинформациите, лажните вести и мизогинијата влијаат на правата на жените во Европа

By август 22, 2019 F2N2 ANALYSIS

“FemFacts” е проект за проверка на фактите фокусиран на застапеноста на жените во медиумите. Произлегува од “NewsMavens”, единствениот весник кој се обидуваше да ги изедначи гласовите на мажите и жените во европската медиумска индустрија, нудејќи им на читателите перспектива на професионални жени во медиумите од целиот континент. Кога започна “FemFacts”, “NewsMavens” веќе имаше изградено меѓународна публика која е активно заинтересирана за читање вести од жени новинари и уредници за она за кое сметаат дека е најрелевантно во нивните региони. Преку “FemFacts”, “NewsMaven” отиде чекор подалеку со нуркањето во извештаите на медиумите чија цел не се опфатените настани сами по себе, туку начинот на кој се презентираат фактите – конкретно за прашањата важни за жените, нивните права и благосостојба.

 

„Рангирањата“ што ги користеа за класифицирање на проверениот материјал опфаќаат широк спектар на манипулативни, погрешни или неетички тактики во известувањето на медиумите кои не се едноставно само неточности.  Тие вклучуваат:

 

Лажни вести, дезинформации, манипулации со факти, теорија на заговор, псевдоуки, пристрасно известување, спин, цензура, кликбејт и скриено рекламирање.

 

Истражувањето на европскиот медиумски пејзаж започна во октомври 2018 година и заврши во јуни 2019 година. За тоа време, „FemFacts“ објави проверки на факти и анализи напишани од 22 автори од 14 различни европски земји.  Многу од нив се повеќејазични со искуство во студирање и работа во различни европски земји.Колективно, нивните автори извршиле 90 проверки на факти, каде ги оцениле тврдењата пронајдени во 236 медиуми и извори на социјални медиуми лоцирани во 24 европски земји. Тврдењата што ги рангиравме беа напишани или наведени на 21 јазик што се зборува низ цела Европа.

 

Нивните автори, исто така, спроведоа детални анализи на разни теми и феномени, вклучително и увиди стекнати преку разговори со истакнати жени од медиумите, технологијата, активизмот и уметничкиот свет. Објавивме 27 анализи и интервјуа кои обелоденија некои од најважните теми на пресекот на родовата еднаквост и медиумите дигиталната писменост денес.

 

ИСКОРИСТУВАЊЕТО НА ЖЕНИТЕ КАКО МАМКИ НА ИНТЕРНЕТ

 

Интернет-медиумите без многу размислување ги поставуваат женските тела во сексуализиран контекст и/или ги претставуват во стереотипните улоги на „заводници“ или „кокети“. Дури и кога не постои сексуален контекст, ваквите извештаи ги создаваат и ги користат како алатка за маркетинг – начин за привлекување кликнувања и зголемување на прегледите на страниците. Таквиот третман се применува кај жените во сите јавни професии – од женски спортисти и спортски коментатори, до жени политичари кои се претставени преку објективот на модата/убавината.

 

Она што е особено впечатливо е што жените во јавните професии не се опишуваат само во непотребни сексуални контексти: тие честопати се сексуализираат, а потоа се осудуваат за претпоставената „ласкавост“ или „модна опсесија“.  Слични пристапи се откриени во статиите за жените кои се на високи политички позиции, каде нивниот физички изглед и/или моден избор се користат како напади врз нивните политички позиции.

 

Непочитувањето на приватноста на жените и тенденцијата жените да се сведат на сексуални објекти е особено забележливо во медиумите во земјите на Балканскиот Полуостров. Во некои случаи, целите на ваквите извештаи не биле дури и јавни личности, туку приватни лица кои никогаш не се согласиле да се појават во очите на јавноста – и кои не би биле изложени на овој начин доколку би биле мажи.  Подготвеноста на медиумите да користат лични профили на социјалните медиуми како извор на материјал за мамка за кликнување, доколку обезбеди визуелно привлечни фотографии на жени, ги надополнува старите навики на воајерско љубопитство за жени кои најнормално се однесуваат на јавни места. Загрижувачка е и зачестеноста на ваквите извештаи и фактот што тие и понатаму се појавуваат во сите типови медиуми – вклучително и оние што се сметаат за мејнстрим.

 

Уште еден рејтинг со потенцијал за кликбејт кој честопати се вкрстува со сексуалната објективизација на жените е псевдоуката, којашто главно се занимава со прашања поврзани со здравјето и сексуалноста. Додека дел од оваа содржина – главно поврзана со сексуалноста – има мизогинистички тон, не сите сексуално научни статии што ги оценивме се сексистички. Како и да е, тие се потенцијално штетни за жените затоа што нудат „здравствен совет“ за бременоста, менструалната хигиена или вакцините (особено оној против Human papillomavirus) кој не се базира на вистински научни факти.

 

Интересен е фактот што сите тврдења што ги оценија како „псевдоука“ се шират на меѓународно ниво и беа пронајдени во повеќе земји и јазици. Нивната брза и широка распространетост се должи на комерцијалните веб-страници за лажни вести, „велнес“ страниците и блоговите кои пропагираат „алтернативна медицина“ и, последно, но не и помалкумалку важно, таблоидите. Имено, „Дејли Мејл“ се појавува повеќе пати како извор на извештаи кои „ги потиснуваат“ вистинските научни истражувања, го искривуваат нивното значење во тој процес и ги обликуваат на начин што може да го привлече вниманието на читателите, без оглед на точноста на фактите.

 

Сепак, она што е позагрижувачко е тоа што насилството врз жените се користи и како мамка за кликнување.  Во комбинација со обвинувањето на жртвите, овие наслови го претставуваат насилството врз жените како спектакл, а не како кривично дело, дури и во екстремните случаи. Во три вакви примери, најдовме наслови на сензационалистичка вест со насилство од страна на партнерот, сексуална злоупотреба на 13-годишно девојче и сексуализација (поради што повеќе кликања) на насилната смрт на една жена.

 

Извор: https://newsmavens.com/special-review/1203/how-misinformation-fake-news-and-misogyny-affect-the-rights-of-women-in-europe

Leave a Reply