КАКО ПРЕКУ НАСЛОВОТ СЕ МАНИПУЛИРААТ ЧИТАТЕЛИТЕ

By август 21, 2019 F2N2 ANALYSIS

ПРЕКУ НАСЛОВ СЕ ПРОМОВИРА НАРАТИВ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ УРИВА, ШТО Е НЕТОЧНО ТВРДЕЊЕ

Порталот Курир објави текст во чиј наслов стои дека додека сите се фокусирани на аферата Рекет, премиерот Заев го уривал македонскиот идентитет. Ваквото обвинување го покренуваат поради тоа што според нив, во новото уверение за државјанство не постои македонско државјанство. Дезинформацијата беше пренесена и од страна на порталите: Република, Лидер, Инфомакс, Кариера, Јавно, Магазин.

Порталот во прилог има објавено и ексклузивна фотографија од уверение за државјанство за која тврдат дека ќе биде новото уверение кое ќе се издава од службите задолжени за истото. Она што порталот сака да го постигне е манипулација со читателите и нивните чувства ако се земе предвид фактот дека објавената фотографија содржи сегмент во кој што експлицитно е наведено дека државјанството е македонско согласно Преспанскиот договор, односно пишува:
ИМА ДРЖАВЈАНСТВО МАКЕДОНСКО / ГРАЃАНИН НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Ова е уште еден од многуте примери како преку насловот се промовира наратив дека македонскиот идентитет се урива.

Leave a Reply