КИНЕСКИ МЕДИУМИ: МЕДИУМИ ИЛИ ПРОПАГАНДИСТИ?

Tags: ChinaMedia
By април 5, 2020 Retrieved

Кинеските државни медиуми сакаат светот за нив да мисли дека се независни и кредибилни, но тие не се тоа.

Многу од нив ја шират пропагандата на Кинеската комунистичка партија (ККП) низ светот, а нивните вработени всушност работат за ККП.

Ова е заклучокот на државниот секретар Мајкл Р. Помпео, со кој тој му наложи на Стејт департментот да го ограничи бројот на вработени од Кина кои пет државни кинески медиуми може да го имаат во САД. Секретарот изјави дека овие медиуми се „странски мисии“, контролирани од кинеската влада.

„За разлика од странските медиуми во Кина, овие медиуми не се независни“, изјави Помпео на 2 март.

Петте медиуми се:

  • Новинска агенција Шјинхуа;
  • Глобална телевизиска мрежа Кина, која е под Кинеската централна телевизија;
  • Радио интернешнел Кина;
  • Корпорација за дневна дистрибуција Кина
  • Хаи Тиан девелопмент, САД, дистрибутер за Пиплс дејли во САД.

 

Што е странска мисија?

„Странска мисија“ е термин за организации кои се сметаат дека се контролирани од странска влада, како што се амбасадите и конзулатите.

Тоа значи дека, како секоја странска мисија, медиумите контролирани од ККП мора да го известат Стејт департментот за нивните вработени кои работат во САД, како и за канцеларискиот простор кој го поседуваат или изнајмуваат.

Третирањето како странска мисија не ограничува што овие медиуми може да објавуваат во САД, појасни Помпео. „Странските новинари, вклучувајќи ги и оние од Кина, отсекогаш биле добредојдени во САД, и можеле да работат слободно, без никакви закани.“

ККП и медиумите

Контролата на ККП врз државните медиуми е само дел од напорите на генералниот секретар на Комунистичката партија, Шји Џјинпинг, да ги контролира граѓаните на Кина и да влијае врз медиумските наративи ширум светот.

Почнувајќи од забрана на одредени зборови, до стриктна цензура на интернет и преку кинеските технолошки компании во странство, Џјинпинг ја засили контролата врз тоа што луѓето може да кажат или слушнат за Кина.

Претходната година кинеската влада затвори повеќе новинари од која било друга земја во светот.

„Апелираме до ККП што побрзо да почне да се придржува до нејзините заложби и да ја почитува слободата на печатот“, изјави Помпео.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap