ЛАГИ ЌЕ СЕЕШ, ЛАГИ ЌЕ ЖНЕЕШ

By март 21, 2020 март 25th, 2020 Corona, F2N2 ANALYSIS

Порталот Инфомакс (Infomax.mk) на 18.03 објави вест со наслов: ЌЕ ОСТАНЕМЕ БЕЗ ЛЕБ: Резерви пченица имаме за 26 дена, камиони ја товарат и носат во Косово. Новинарот се повикува на негови извори, тврдејќи дека камион со косовски регистарски таблици има товарена пченица која се извезува надвор од земјата. Дополнително во текстот се констатира дека во земјата ќе снема брашно за 26 дена, без притоа да се наведе ниту еден аргумент за таквото тврдење.

Тимот на F2N2, го контактираше министерството за Економија, кое остро ја демантираше веста, и апелираше до медиумите да бидат повнимателни особено во ваква ситуација со која се соочува земјата.

Некои медиуми денеска објавија дека камиони со македонска пченица се извезуваат во Косово и дека имаме резерви за само 26 дена. Сакам да им порачам на сите вакви медиуми што шират лажни вести треба да се засрамат посебно во ваква кризна ситуација во државата предизвикана од Коронавирусот. Апелирам до сите граѓани имаме доволно резерви на пченица и на брашно, а дополнително донесовме одлука за забрана за извоз во други земји. Има контроли и инспекции на терен и нашите граници се осигурани. Да потсетам објавувањето на лажни вести согласно заклучок на Владата се казниви по Закон. Апелирам до медиумите да не објавуваат лажни вести кои предизвикуваат паника кај граѓаните во оваа кризна ситуација“, се вели во реакцијата на Министерството за Економија.

Овој текст е дезинформација која што е пренесена и од порталите Курир.мк и Маркукуле.мк. Оваа дезинформација покрај паника во општеството има за цел да предизвика и меѓуетничка нетолеранција.

Во продолжение ќе Ви прикажеме како и каде се дезинформацијата е споделувана на социјалната мрежа Фејсбук.

Дезинформацијата објавена на овие 3 портали е споделена на 33 фејсбук страни. Согласно нивниот број на следбеници, истата стигнала до вкупен максимален број од 2.135.231 потенцијални следбеници. Опсегот, односно параметрите на дејствување на веста се движат од 42.704 до 138.790 од следбениците.

(Ве молиме погледнете ја забелешката на крајот од текстот за алгоритамот на  Фејсбук за пресметка на опсегот)

Забелешка: Алгоритамот на Фејсбук односно истражувањата поврзани со Опсегот (Organic reach) покажуваат проценти од 2% (за групи поголеми од 500.000 следбеници) до 6.5% (за групи со помалку од 500.000 следбеници). За потребите на оваа анализа земен е опсегот од 2% до 6.5%. Со оглед на популарноста на Фејсбук во Република Северна Македонија како и бројот на профили регистрирани на оваа социјална мрежа, може да се потврди дека горенаведениот процент е многу поблизок до 6.5% отколку до минимумот од 2%.

За утврдувањето на опсегот е користена алатката CrowdTangle.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap