ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ВОДАТ ДО ЛАЖНИ СЕЌАВАЊА?

By септември 27, 2019 EXPERT ANALYSIS

„Нашата меморија директно влијае врз нашето однесување, па според тоа, се поставува прашањето дали овој вид лажна меморија навистина може да го промени изборот кога некој веќе решил за кого има намера да гласа“, вели д-р Џилијан Марфи, предавач во Школата за применета психологија, УЦЦ. Гласачите може да формираат лажна меморија откако ќе видат фабрикувани вести, особено ако тие вести се совпаѓаат со нивните политички убедувања, според новата студија предводена од д-р Џилијан Марфи.

Оваа студија претставува новина затоа што ги испитува дезинформациите и лажните мемории во врска со референдумот во реалниот свет, објаснува Марфи. Таа и нејзините колеги, меѓу кои и поранешната претседателка на АПС, Елизабет Лофт, од Универзитетот во Калифорнија, Ирвин, испитале 3.140 квалификувани гласачи на Интернет и ги прашувале дали и како планирале да гласаат на референдумот. Потоа, експериментаторите на секој учесник му претставувале по шест вести, од кои две биле измислени статии кои ги прикажувале кандидатите од која било страна, како тие да биле вмешани во некоја незаконска или дивизивна активност. По читањето на секоја приказна, учесниците биле запрашани дали претходно слушнале за настанот опишан во статијата; и доколку слушнале, требале да изјават дали имале посебни сеќавања во врска со тоа.

Истражувачите потоа ги информирале квалификуваните гласачи дека некои од статиите што ги прочитале биле фабрикувани и ги замолувале учесниците да препознаат која од вестите мислеле дека е лажна. На крајот, учесниците пополнувале когнитивен тест[1].

Скоро половина од испитаниците пријавиле сеќавање за барем еден од измислените настани; многу од нив се присетувале на богати детали во врска со фабрикуваната вест. Поединците кои биле за легализирање на абортусот биле посклони да запомнат лага која се однесувала на противниците на референдумот; оние против легализацијата биле посклони да запомнат лага за поборниците кои биле за. Многу учесници не се ни ослонувале на своето сеќавање дури и откако ќе дознаеле дека некои од информациите може да биле фиктивни, а неколку учесници раскажувале детали кои не се содржеле во лажните вести. Учесниците кои постигнале пониски резултати на когнитивниот тест, не биле повеќе склони кон формирање лажни сеќавања отколку тие со подобри резултати, но тие со пониски резултати биле повеќе склони кон сеќавање на лажните вести кои биле во согласност со нивните убедувања. Овој наод покажува дека постои поголема веројатност луѓето со повисока когнитивна способност да ги доведат во прашање своите лични пристрасности и своите извори на вести, велат истражувачите.

Други соработници на проектот се Ребека Хофштајн Грејди и Линда J. Левин od УЦ Ирвин и Киара Грин од Универзитетскиот колеџ во Даблин. Истражувачите велат дека планираат да ја прошират оваа студија со истражување на влијанието на лажните мемории поврзани со референдумот за Брексит и #МеТоо – движењето.

Во статијата за Psychology Science“ (Наука за психологијата), истражувачите изјавиле дека „Луѓето постапуваат според нивните лажни сеќавања и често е тешко да ги убедите дека лажните вести се лажни“, вели Лофтус. „Со растечката способност да ги правиме вестите неверојатно убедливи, како ќе им помогнеме на луѓето да ја избегнат можноста да бидат заведени? Проблем е тоа што единствено психолошките научници можат да бидат квалификувани да работат на тоа“.

Истражувачкиот труд спроведен од д-р Џилијан Марфи и нејзините колеги за лажната меморија околу референдумот за абортус во 2018 година, во голема мера  го привлече вниманието на медиумите – од ББЦ до РТЕ, Форбес, Ролинг Стоун и ФОКС Њус.

Мерал Мусли Тајроска

 

Извор: https://www.psychologicalscience.org/news/releases/fake-news-can-lead-to-false-memories.html

 

[1] Когнитивните тестови се користат за проценка на когнитивните способности кај луѓето и животните. Тестовите кои се спроведуваат врз луѓето вклучуваат различни форми на тестови за интелигенција; оние што се спроведуваат на животни вклучуваат тест на огледало (тест за визуелна самосвест) и Т-лавиринт тест (кој ја тестира способноста за учење). Ваквата студија е значајна за истражувањата поврзани со филозофијата на умот и психологијата, како и за определување на интелигенцијата кај луѓето и животните.

Leave a Reply