МЕДИУМИТЕ ВО ЗАГАДУВАЊЕТО, НАМЕСТО ПРОСТОР ЗА ДЕТАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ, НАЈДОА ОСНОВА ЗА СЕРВИРАЊЕ МАНИПУЛАЦИ

By ноември 12, 2019 ноември 15th, 2019 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#95

Дата:

12.11.2019

Извор:

infomax.mk

Време на читање:

3 мин.

Порталот Инфомакс на 28.10.2019 пренесе „Снимка од попладнево/вечерва, Визбегово/Шутка црната точка во градов, чади ли чади, дишете луѓе токсин до токсин.“, повикуваќи се на постот на О2 Иницијатива. Во самиот текст е употребена фотографија која е од 2017 и од сосема друга локација. Овој текст е споделен во групата „Против загадување и труење на народот“, каде покрај овој текст беше споделен и напис на порталот  Галама кој пак се темелеше на исказот на извесен Лука Александров на социјалните мрежи.

Веста ја пренесоа и други медиуми.

Линк до објава: Инфомакс Курир

Загадувањето е сериозна тема, која бара професионално истражување, пред информациите да бидат претставени јавно. За жал, често сме сведоци дека за оваа тема, се пласираат многу шпекулации со кои јавноста се доведува до погрешни заклучоци.

Пред извесно време проверувачот на факти Кри Тинк веќе пишуваше на оваа тема за објавите на портали кои произлегоа од статусот на извесенЛука Александров на социјалните мрежи. Статусот беше раширен на социјалните мрежи, но и на неколку портали.  Во периодот кога се појави оваа манипулација,АД ЕСМ испрати демант  во кој стои:

„АД ЕСМ категорично ја демантира лажната вест дека во термоелектраните за производство на електрична енергија во Битола и во Кичево се гори отпад, како што е наведено во текстот со наслов ,,Дневно во Македонија влегуваат до 10 шлепери со ѓубре увезено од Италија?!“

За жал,  објавата на демантот  не го следеше интересот како самата објава. Демантот го објавија само два медиуми наспроти објавата која беше широко распространета.

И градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов даде појаснувања за објавената манипулација.

„Во Дрисла не постои погон кој може да согорува таков тип на отпад, бидејќи таму има само инсинератор (горилник) за палење на медицински оптад. Друг вид на отпад за жал не се гори. Ако успееше постапката за избор на приватен партнер таков тип на инсталација беше еден од таргетите кои Градот ги поставирече Шилегов во одговор на прашање пред почетокот на свеченоста по повод одбележувањето на патрониот празник на средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ и пуштањето во употреба на фотоволтаична електрана во училиштето.

Оваа манипулација деновиве повторно е активна. Овојпат засилена со уште една објава.  Во објавата се известува за „Снимка од попладнево/вечерва, Визбегово/Шутка црната точка во градов, чади ли чади, дишете луѓе токсин до токсин.“, а временски се однесува на 28.10. Ова тврдење се поткрепува со фотографија која не е од Визбегово, ниту пак е од 28.10.2019.  Доколку ја истражувате  самата фотографија, ќе откриете дека истата е од 2017 година.

Манипулацијата која повторно се актуелизираше деновиве, ја демантира и надлежната институција,  Министерството за животна средина и просторно планирање. Во нивниот демант стои:

Станува збор за шпекулации и невистини.

– Увозот/извозот и транзитот на отпадот е строго контролиран

-Со закон е забранет увоз на отпад за депонирање или складирање

 Загадувањето е сериозна тема, која бара детално и темелно новинарско истражување. Новинарите  за вакви теми мора да работат професионално и со сериозен новинарски пристап, со цел да ја дознаеме вистината. Стари фотографии,  фотографии кои не се од местото на настанот, шпекулативни написи позајмени од  социјалните мрежи, се податоци кои не смеат да биде пласирани преку медиумите, пред да бидат детално проверени од повеќе извори кои можат да ја потвдрат или демантираат шпекулативноста. Јавноста има полно право да ја знае вистината, а не да биде заведувана со манипулаци и теории на заговор.

Leave a Reply

Share via
Copy link