МЕДИУМСКАТА КУЛТУРА И ЕТИКА Е КЛУЧНА

By август 2, 2019 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#82

Дата:

02.08.2019

Извор:

dokaz.mk

Време на читање:

2 мин.

Оригинален наслов:  Швалерките на Гури Даниела и Лукаревска

На 29.07.2019 порталот Доказ објави текст кој е дезинформација, со кој сака ги дискредитира посочените личности.

Линк до објавата: Доказ

Овој текст е комплетна дезинформација, во која не се запазени основните новинарски професионални стандарди и принципи.

Целиот текст се темели на телефонска порака, која е пренесена како што е добиена.  Пораката не е проверена, дали е точна. Целиот овој напис е неетичен. Никаде во текстот нема доказ, со кој ќе се поткрепи скандалозното дискриминирање и етикетирање на личностите, кои се споменати.

Целта на овој текст е нарушување на угледот, наместо професионално новинарско известување.

Порталот во неколку наврати и претходно, се обидува да ја дискредитира директорката на УЈП.  Новинарите и медиумите не смеат да пренесуваат непроверени информации, со кои ги загрозуваат човековите права или слободи, ниту пак ќе дискриминираат. Порталот Доказ  често ги дискриминира жените, што е недозволиво.

Медиумите и новинарите мора да ја негуваат културата и етиката во своите известувања. Ваквиот начин на медиумска комуникација е непримерен, што е неприфатливо за професионален новинар или медиум.

Медиумите мора да ги почитуваат правилата за професионално известување.

Leave a Reply