МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

By септември 19, 2019 март 25th, 2020 EXPERT ANALYSIS

Entrepreneur, hard-worker, doer and game changer! Change, digitalization and results lover!

 

Освоив прва награда на национален натпревар за најиновативни деловни планови во 2010 година и добив средства за започнување бизнис. Имав 22 години, штотуку го завршив факултетот како студент на годината и бев полна со енергија и амбиција да ги искористам можностите и да започнам со својата кариера. Јас ја основав водечката страница за е-трговија што ја револуционизира индустријата за е-трговија во мојата мала земја во развој, Македонија. Кога помалку од 1% од населението купуваше преку Интернет, кога другите видоа пречки, јас видов предизвик – предизвик за промена на пазарот за е-трговија. Ние ги едуциравме компаниите за новите трендови и градевме доверба во купувањето преку Интернет. Верувам дека секој проблем е предизвик што ќе нè направи посилни и ќе ни даде повеќе знаење. Јас предизвикав промени во регулативата во индустријата за е-трговија во Македонија и го расчистив патот за другите субјекти во е-трговијата.

 

Консултант сум на компании и зборувам на конференции и настани низ целиот свет за темите на е-трговија, маркетинг, развој на бизнисот, дигитализација и претприемнички начин на размислување.

 

Јас сум вечен оптимист кој верува во луѓето и нивниот потенцијал. На крајот на краиштата, не е технологијата, производот или процесот што ја прави компанијата одлична, тоа се луѓето што стојат зад решението.

 

Ова e кратката биографија која Нина Ангеловска ја има споделено на нејзината Линкдин страница, и да, пред да стане министер за финансии, беше позната по нејзината работа како коосновач на „Групер“, ценета од страна на јавноста како трудољубива и успешна македонска приказна. Но сето тоа се смени кога таа беше номинирана за министер за финансии, при што одредени портали бесрамнички правеа се’ што е во нивна моќ за да го оцрнат нејзиното име. И не само што можеше да се прочитаат секакви измислици по порталите, туку и по социјалните мрежи. Луѓето ја напаѓаа министерката за нејзините години и на родова основа, дофрлувајќи дека таа не може да биде на таква политичка позиција.

Пример за тоа е портпарлот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој на својата фејсбук-страница го изјави следното:

„Излезе Заев со Нина Групировка за да си го претстави за Ребалансот.
Таа тргна барем да одговори прашање; тој го презеде микрофонот!
Сега е јасно дека со финансии министерува Заев, а Нина е Џирло Девојка- презентерка за владините Светлечки Јојоа и Стомак елиминатори.
Ова е комплетно киднапирање на институции!“

Неговата изјава наиде на остри критики од неколку политичари, како и од пошироката јавност, за очигледниот сексизам којшто тој го прикажа.  Тој беше принуден на јавно извинување, изјавувајќи дека коментарот бил насочен кон премиерот Зоран Заев, а не дека смета дека министерката е „џирло девојка“.

Повеќе од јасно е дека да се биде мета на сексизмот носи свои последици: емоционални, когнитивни, бихевиорални и психолошки. Овој вид на проблеми не се предизвикани само од родово нетрадиционални професии, туку и од ставовите на соработниците на поединецот. Непријатно е да се биде во ситуација кога другите се скептични во врска со нашите квалификации или очекуваат од нас лоша изведба на работата. Не изненадува фактот што луѓето имаат тенденција да не ја сработуваат најдобро својата работа на работното место кога нивните соработници се сомневаат во нивните способности, формирајќи негативни стереотипи за нив.

Тој не беше единствениот кој користеше дискриминаторски елементи. И порталот Доказ ја интегрира во својот препознатлив наратив при преставувањето на жените.

Медиумското покривање на жените политичари, честопати користи сексистички јазик и има тенденција да се фокусира повеќе на семејната улога, изгледот и перцепцијата на „политичките прашања на жените“ кога зборува за жените политичари. Жените секојдневно се соочуваат со прашања со кои машките политичари скоро никогаш не се среќаваат, како на пример да бидат замолeни да се насмевнат или да одговорат на прашања за рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот. Медиумите и новинарите мора да ја почитуваат етиката во своите известувања. Ваквиот начин на медиумска комуникација е непримерен, што е неприфатливо за професионален новинар или медиум. Медиумите мора да се придржуваат до правилата за професионално известување.

 

Мерал Мусли Тајроска

Leave a Reply

Share via
Copy link