МОЖНО ЛИ Е ДА СЕ ПОБЕДАТ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ?

Како Финска победува во борбата со со лажните вести

Голем дел земји во светот, особено оние со прозападна ориентација се повеќе или помалку мета на лажните вести и лажните информации кои за цел ги имаат стратешките определби на земјата, особено Европската унија, членството во НАТО итн. Бидејќи повеќе не е мит дека овие вести доаѓаат од еден центар, Русија, земјите почнуваат да развиваат и системи, стратегии, кои ќе ги направат поотпорни на овие лажни вести и дигитални пропаганди кои можат да досегнат до сржта на политичко-економските системи и да направат долгорочни поделби во општеството.

Финска е една од земјите која најрано, како сосед на Русија, се соочи со ваков тип пропаганда. Владата овие закани ги сфати сериозно и почна да презема системски мерки за да се справи со овој сега веќе глобален проблем.

Еве што може да се научи од  Финска бидејќи тоа може да биде од клучно значење за западната цивилизација.

На безбедноста не и требаат нови алатки. И требаат нови правила.

Финската влада во 2014 година почна со кампањата против лажните вести, две години пред Русија да се вмеша во претседателските избори во САД, со цел да ги обучи граѓаните, студентите, новинарите и политичарите како да се спротивстават на лажните вести кои внесоа поделби во општеството.

Иницијативата имаше за цел да се подготват граѓаните од сите возрасти за справување со комплексниот дигитален свет на денешницата и утрешницата. Финска, која има повеќе од илјада километри граница со Русија, е длабоко свесна што може да се последиците ако не се бори против лажните вести.

Оваа нордиска земја се соочи со руската пропаганда уште пред 101 година кога прогласи независност од Русија. Но, во 2014 година, откако Москва изврши анексија на Крим и даде поддршка на бунтовниците во Источна Украина, повеќе од очигледно стана дека местото за борба се смени, борбата со информации стана приоритетна.

Тешко е да се одреди обемот, сите цели на операциите со дезинформации, но главните области каде што напаѓаат лажните вести се имиграцијата, Европска унија, или дали Финска треба да биде или не членка на НАТО.

Откако во 2014 година тролањето доживеа кулминација, претседателот Нинисто го повика секој Финец да преземе одговорност во борбата со лажните информации. Една година подоцна Финска донесе и американски експерти за да одржат обуки за државните служби како да ги препознаат, разберат лажните вести, зошто тие така брзо се шират и да развијат стратегии како да се спротивстават. Во оваа насока започнаа и реформи на образовниот систем со акцент на развој на критичко размислување.

Иако е тешко да се мерат резултатите во реално време, сепак, овој пристап функционира, мерките донесоа резултат. Финска сега е на врвот на списокот земји кои можат да препознаат и се отпорни на лажни вести. Другите земји го преземаат финскиот модел во борбата со лажните информации. На врвот на оваа скала се Финска, Холандија, Данска, Шведска, во средината Словенија, Шпанија, Луксембург, Португалија, на дното се Црна Гора, Босна, Албанија, Турција, а Македонија е последна на оваа скала.

Школски примери:

  • Во училиштата редовно се дискутира за актуелни прашања, не само на домашна, тулу и на европска сцена.
  • Некои од училиштата имаат направено партнерство со финската агенција за проверка на факти Фактаабари, со цел да се развијат способости за дигитална писменост кај учениците во основните и средните уччилишта.
  • Наоаѓање видеа, материјали на YouTube и социјалните медиуми, споредба на содржините, откривање на кликбејт вестите, лажните вести и информации.
  • Вежби со учениците самите да направат лажна вест, потоа да ги анализираат, споредуваат и дискутираат.

„Она што сакаме да го научат нашите ученици е пред да споделат или лајкнат нешто на социјалните мрежи, да размислат два пати. Кој го има напишано ова? Каде е објавено? Можам ли да ја најдам истата информација на друг сајт од друг извор?“, вели Кари Кивинен, директор на едно од финските училишта кои почнале со Програмата против лажни вести.

Тешко е да се извезува демократија, но можат да се увезуваат експерти

Токму тоа е она што Финска го направи во 2016 година за да се справи со дигиталните напади кои доаѓаа од соседот на исток. „Финската влада знаеше дека Кремљ се меша во финската политика, но немаа начин, контекст како да ги интерпретираат тие обиди. Дали ова значи напад, војна?“, вели Џед Вилард, дирелктор на Френклин Делано Рузвелт Центарот за глобална акција на универзитетот Харвард, еден од експертите кои Финска ги ангажираше во борбата со лажните вести.

Секако дека Русија одбива да признае дека се меша во внатрешните работи на другите земји. Затоа, зад затворени врати работилниците на Вилард повеќе се фокусираат кон изградба на цврст, силен национален наратив, отколку на разоткривање на лажните информации.

Загадувањето на Интернет

Финците имаат силен јавен телевизиски сервис и голема регионална конкуренција во печатените медиуми. Но, се повеќе се верува дека едноставното учење на медиумска писменост и критичко размислување не е доволно. Потребно е и компаниите кои ги поседуваат социјалните мрежи да го спречат ширењето на дезинформациите. Кајо Фејсбук, Гугл, Твитер, Јутјуб, кои им овозможуваат на руските тролови да се шират. „Исто како и другите компании кои ја загадуваат околината, шумите, водите, и овие треба да подлежат на регулација, бидејќи ги загадуваат умовите на луѓето“, смета Џесика Аро, новинарка во финската државна телевизија.

Во оваа насока се движат и европските политики за борба со дезинформациите. Прв знак дека Финска има резултат во борбата со лажните вести е токму тоа, што и другите земји го преземаат нивниот модел.

Европски обиди за соработка со приватниот сектор

Приватниот сектор игра голема улога. Приватните компании се тие кои имаат онлајн платформи на кои дезинформациите се пласираат и се шират. Базирани врз алгоритми, водени од реклами, динамиката на социјалните медиуми  служи како главна патека за дисеминација на лажните информации.

Европската унија јасно предочи дека токму притавните компании не успеваат да се справат со овој проблем и побара од корпорациите итно да преземат чекори и иницијативи во борба со ова прашање.

Во септември 2018 година беше издаден код на Европската унија за справување со дезинформациите. Во него за прв пат, беше забележано дека светските онлајн индустрии се согласуваат на доброволна база да потпишат стандарди за регулација со цел намалување на лажните вести и спречување на нивното ширење. За да се спроведат овие стандарди, формирано е и мониторинг тело под надзор на Европската унија.

Овој чекор е од витална важност, но не е доволен. Целиот онлајн бизнис модел се темели на повеќе или помалку манипулативни содржини кои се шират брзо и масовно, што е главниот адут на кампањите со лажни вести.

 

А.М.Д.

Leave a Reply

Share via
Copy link