НЕДЕЛКОВСКИ НЕКАЗНИВО ПРОДОЛЖУВА СО НЕГОВИОТ ДИСКРИМИНАТОРСКИ ГОВОР

By октомври 28, 2019 F2N2 ANALYSIS

На  25.10.2019  на  неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, Миленко Неделковски напиша статус:

Во овој статус тој со навредлив и вулгарен јазик се обраќа кон претеничката Рангелова, со што тој недвосмислено предизвикува предрасуди и го нарушува нејзиното достоинство. Ова не е првпат. Пред неколку дена, реагираа од Платформата за родова еднаквост:

Платформата за родова еднаквост остро го осудува говорот полн со омраза и вознемирувањето врз основа на род кое лицето Миленко Неделковски ги шири преку неговата страница на Фејсбук, а кои се насочени кон жените во јавниот дискурс.

Неделковски на својата страница упатува навреди кон политичарките и ги исмејува со особено деградирачки коментари, полни со мизогинија, сексизам и говор полн со омраза. Неговите коментари насочени кон изгледот и личноста на политичарките се згрозувачки, особено оние упатени кон пратеничката Даниела Рангелова, а истите водат кон поттикнување на омраза и нарушување на угледот на г-а Рангелова.

Рангелова и претходно била мета на сексизам, не само од Неделковски. Пропагандата против неа, силно се интензивираше, особено по поддршката на Преспанскиот договор.

Говорот на омраза, според правната рамка во земјава е кривично дело. Имено, од 2014 на сила се законските одредби кои забрануваат и казнуваат говор на омраза, поттикнување и ширење на омраза, дискриминација или насилство, насочено кон едно лице или група, преку Интернет.

Во Законот за спречување и заштита од дискриминација постои одредба дека „Вознемирувањето и понижувачкото постапување претставува повреда на достоинството на лице или на група на лица што произлегува од дискриминаторска основа и што има за цел или како резултат повреда на достоинството на одредено лице или создавање заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика.“

За жал, Миленко Неделковски со години користи говор на омраза. Досега имало многу реакции. Во 2016 Агенцијата за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, констатираше дека во неговата емисија, тој поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација. Во 2011 агенцијата ја казни телевизија која ја емитуваше неговата емисија, токму поради говор на омраза.  Во 2009 на неговите изјави реагираа ОБСЕ и ЗНМ, а во 2010 и ЗНМ и Европската федерација на новинари. Во 2018  Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против Неделковски за ширење расистички и ксенофобичен материјал. Во 2012 новинарката Јордановска го пријави за сексуално вознемирување.

И тимот на F2N2 пишуваше за говорот на омраза, кој е присутен во јавните обраќања на Неделковски.

И за медиумското покривање на жените, јавниот говор кон нив, но и воопшто за сексизмот, пишувавме во неколку наврати.

Најновото обраќање на Неделковски во кое тој користи дискриминација врз родова основа, сексизам, омаловажување и навредлив јазик кон пратеничката Рангелова, до затворањето на нашиот напис, имаше силна реакција. Постот има 35 споделувања, 541 интеракции и 88 коментари.

Во рамките на овие 35 споделувања, следниве фејсбук страници го споделиле неговиот пост: Бојкотирам, Павел Шатев.

Leave a Reply

Share via
Copy link