НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА ГАТАЧКИТЕ, НЕ ДОАЃА КРАЈОТ НА СВЕТОТ ПОРАДИ ВИРУСОТ КОРОНА

By март 21, 2020 март 26th, 2020 Corona, F2N2 ANALYSIS

Луѓето имаат навика да веруваат на невидливите нешта, на нештата кои што се со натприродна моќ, бидејќи тие нема како да се утврдат, оспорат. Таков е случајот со предвидувањето на иднината, занает стар колку што е човештвото, којшто ја искористува „кревкоста“ на луѓето за да им наметне позитивни или негативни очекувања во животот.

Сите ја знаат Баба Ванѓа, за која се пишуваше со години дека предвидела неколку клучни случаи во светот, претежно негативни,  а по нејзината смрт веќе се појави нејзината наследничка која истотака предвидува „црни времиња“ за светот. Нејзиното име е Вера Лион, со казакстанско потекло која што живее во Русија. Таа е активна и на социјалните мрежи, каде што најчесто објавува предвидувања за Путин, кои што се крајно позитивни, а за сите негови „непријатели“ предвидува страшни времиња.

Гатачката Вера сега е извор на теории на заговор кои што се шират на Балканот. Потпирајќи се на нејзините предвидувања, постојано се објавуваат текстови дека се приближува некоја голема катастрофа од која ќе страда човештвото нешто што создава паника и несигурност кај граѓаните.

Појавата на вирусот COVID-19 е идеален момент за таков потег за кревање на паника, или пак за да се наметне идејата дека милиони или милијарди ќе умрат. Токму во таква ситуација кога светот се бори со вирусот, се објавува текст на којшто авторот уште еднаш ги набројува наводните предвидувања на старата Баба Ванѓа која што почина одамна, дека во 2020 година ќе има светска војна и ќе умрат многу луѓе, со што Европа ќе има значително помал број на жители.

За да се негува теоријата на заговор дека на Европа не и се пишува добро, се објави уште еден текст на којшто „новата Баба Ванѓа“ продолжува да предвидува дека „допрва доаѓа најлошото“.

Предвидувањата на оваа жена наводно се дека „ Европската унија ќе пропадне, Америка исто така ја чека таква тажна судбина. Не само во Русија, туку и другите земји ќе одбијат да го користат американскиот долар како своја валута“

 Во продолжение наведува дека „ Американците ќе предизвикаат повеќе крвави војни, но тие нема да влијаат на Русија, Казахстан и Украина. Овие земји ќе останат надвор од воените судири

Текстот завршува со твдење дека „Русија ќе ја прошири својата територија во наредните години“, и дека „Кина  ќе ја изгуби својата економска моќ“.

Сето горенаведено е теорија на заговор која што е пренесена и искривена на начин што ќе влијае на луѓето кај кои ќе се сее страв и паника од „крај на светот“или наводен нов распоред на светските сили. Бидете спокојни, Вера Лион е обичен смртник исто како и сите нас, и не може да предвидува иднина била таа добра или лоша.

Leave a Reply

Share via
Copy link