НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ИТАЛИЈАНСКИТЕ ГРАЃАНИ МАСОВНО ГО ТРГААТ ЗНАМЕТО НА ЕУ

By март 25, 2020 март 26th, 2020 Corona, F2N2 ANALYSIS

Во изминативе неколку денови на социјалната мрежа Фејсбук ширењето на АНТИ-ЕУ наративот зема се поголем замав. Кристијан Јандриоски е првиот кој што ја објави фотографијата на која што се гледа како непознато лице пред седиштето на фабриката за лифтови SVECOM-PE со седиште во Виченца, Италија, го вади од јарбол знамето на Европската Унија и го закачува знамето на НР Кина. Фотографијата до моментот на пишување на нашата статија има скоро 400 споделувања.

Само неколку минути подоцна и фејсбук страницата “Мисија” (позната во повеќе наврати на тимот на F2N2) ја објави истата фотографија. Нивната објава до моментот на пишување на нашата статија има 240 споделувања што заедно со првичните 400 се сериозна бројка кога станува збор за ширењето на наративот на социјалните медиуми во Северна Македонија.

Ниту фб страницата “Политички циркус” (исто така позната на тимот на F2N2) не изостана од тоа да биде дел од ширењето на наративот, па ја сподели сликата објавена од страна на “Мисија”. Меѓу останатите кои што ја објавиле или споделиле фотографијата се и групите: Македонска нација, Илинден-Македонија, Да живее Македонија, Македонска заедница, Македонија разбуди се. Во прилог и колаж фотографија од нивното споделување.

Ниту голем дел од македонските онлајн медиуми не останаа имуни во ширењето на овој наратив. Markukule.mk, Еxpres.mk, Shilomagazine.com.au, Republika.mk, Javno.mk, Infomax.mk, Press24.mk, Zase.mk се медиумите кои што објавија дека италијанците на местото на знамето од ЕУ го ставаат знамето на НР Кина. Не може реакција од страна на непознато лице кое што менува знамиња пред фабрика да се смета за став на државата и општо на цела нација, во случајот Италија. Исто така пренесено е и видео објавено од страна на извесен Федерико Цане на кое што се гледа како тој исто така го вади знамето на Европската Унија, но во овој случај руското знаме е она кое што се прикачува. Различни знамиња но иста цел, а тоа е Европската Унија да се прикаже во црно светло, а во исто време да се величаат Русија и Кина и со позитивни епитети да се окарактеризира секој направен потег од нивна страна во врска со COVID-19.

Европската Унија имаше соодветна реакција за справување со коронавирусот што може да се заклучи од одлуката која што е донесена на 19.03.2020.Во соопштението за јавност е прецизно наведено дека токму на овој ден е пристигнато барањето од страна на Италија за помош од ЕУ. Европската Комисија ја носи одлуката истиот ден и ја става на сила 48 часа подоцна.

Суштинската улога во вакви моменти е да се помага, а не да се шири пропаганда. Ова што го проследивме со овој текст е резултат и последица на агресивната пропаганда поврзана со тоа дека Кина и Русија се единствените земји кои што и помогнале на Италија. Од приложеното се гледа дека тоа апсолутно не е точно.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap