ОБВИНУВАЊАТА ОД СРПСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ВУЛИН СЕ НЕВИСТИНИТИ, ПРОВОКАЦИИТЕ НЕПОТРЕБНИ

By мај 9, 2019 D-NARRATIVE

Со текстови со ист наслов наслов: „Северна Македонија се почесто ќе ја напаѓа Србија“, македонските медиуми пренесоа дел од интервјуто на српскиот министер за одбрана Александар Вулин за руските медиуми, дадено за време на посетата на Москва кон крајот на април каде што присусутвуваше на конференција за безбедност.

Вулин во интервјуто изнесува оценки за безбедносната ситуација во регионот и новонастанатата ситуација со извесното влегување на Северна Македонија во НАТО. Српскиот министер за одбрана изнесува апокалиптични тези во добропознатиот стил на српската политика од минатото, во кое се предвидуваат тешки несреќи на Балканот ако се следи политиката на НАТО, а не политиката на Србија и Русија.

Конкретно, Вулин предвидува дека со влегувањето на Северна Македонија во НАТО, „сите Албанци , со исклучок на две општини во Србија, ќе бидат под политичко – безбедносниот чадор на НАТО“. Тоа, продолжува со анализите српскиот министер за одбрана, неминовно ќе доведе до наводно формализирање на големоалбанските аспирации и создавање Голема Албанија под чадорот на НАТО. Тоа, според Вулин би требало веќе да им пречи на Северна Македонија и Црна Гора, на чија територија живее албанско население кое, според него, ја чека шансата да се обедини во НАТО. Без да изнесе факти, аналогии и примери, Вулин прогнозира дека во иднина Северна Македонија се почесто ќе ја напаѓа Србија. Како точно ќе ја напаѓа Србија (се претпоставува ќе ја напаѓа српската политика веројатно) не наведува во ниту еден момент. За да го заврши интервјуто дека ако Албанците се обединуваат, тогаш и Србија ќе го решава националното прашање на Косово и ќе ги штити Србите што живеат таму.

ИЗЈАВИТЕ ОД БЕЛГРАД ЗА МАКЕДОНСКО СЦЕНАРИО

Овие додворувања на политичари од актуелната власт во Белград на Москва и напаѓања на македонската ориентација и извесно членство во НАТО не се нови. Се зборуваше и српските граѓани се заплашуваа и со македонско сценарио, потоа се случи аферата со српскиот разузнувач снимен во Собранието на Македонија за време на насилствата и упадот на 27 април пред две години. Четири месеци подоцна Србија ги повлече дипломатите од амбасадата во Скопје на консултации во Белград, што беше потег без преседан. Наводно поради гласањето на Северна Македонија за членство на Косово во УНЕСКО.

Периодот на смена на власта во Република Северна Македонија беше проследен и со други изјави од спрскиот естаблишмент, во кои Северна Македонија се обвинуваше дека работи против интересите на Србија со тоа што ја призна независноста на Косово, па дури имаше и закани дека Србија ќе го откаже признавањето на земјата под уставното име, поради кое, наводно си ги влошува традиционално блиските односи со Грција.

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЛАЖНИ СОДРЖИНИ ФЕЈСБУК СТРАНИЦИ СО АНТИЗАПАДНА СОДРЖИНА

Овие вести се шират и на страници на социјалните медиуми, добро познати по својата антизападна содржина или промоција на конкретен сојуз, најчесто со верски предзнак, како што е следниот на „Македонија и Русија + Православен сојуз“.  Содржините овде пласирани изобилуваат со неточни информации, лажни и измислени вести, насочени кон одредена цел, предизвикување омраза кон Западот и западните вредности, најчесто против САД, но не се поштедени ниту Папата или други познати личности.

ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ЗАГРОЗЕНА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ПРОИЗВЕДУВААТ И ДОМАШНИ МЕДИУМИ

Домашни медиуми ја подгреваат атмосферата за наводната загрозеност на Северна Македонија и создавање Голема Албанија со намерно креирање содржини од овој тип, најчесто со личности чиј кредибилитет е под прашалник.

Едно такво интервју може да погледнете овде во емисијата Во Центар. Целото интервју изобилува со теории на заговор и недоследности во изнесените тврдења.

Интервјуто е направено со пензионираниот хрватски адмирал Давор Домазет – Лошо, попознат на јавноста по твдењата дека поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ е се уште жив, дека неговиот ковчег е празен, или пак дека Тито бил руски агент или дека доаѓањето на мигрантите на Запад е како вбризгување дрога. Горенаведеното е доволно секој да процени до кој степен на сериозност ќе ги разгледува неговите тези.

А, КАКО Е НАВИСТИНА: ВО НАТО НЕ СЕ ОБЕДИНУВААТ ТЕРИТОРИИ ПО ЕТНИЧКА ЛИНИЈА

Leave a Reply

Share via
Copy link