ПАЗЕТЕ СЕ ОД ЛОШИТЕ САМАРЈАНИ

Tags:
By април 7, 2020 Other

Кина и Русија испраќаат медицинска помош на Италија и другите земји погодени од коронавирусот, сепак нивните мотиви и не се толку алтруистички.

Хуманитерните несреќи вообичаено предизвикуваат наплив на глобална соработка. Човечките животи се наоѓаат во ретко видена главна улога, а понекогаш дури и геополотичките противници си помагаат едни на други. По разурнувачките земјотреси кои го погодија Иран во 2003 и 2012, дури и САД се приклучи да помогне. Но, за време на пандемијата од коронавирусот, двата најенергични самарјани – Русија и Кина – ја користат нивната привидлива помош за геополитички придобивки.

Веднаш по недоманешниот телефонски разговор помеѓу Рускиот Претседател Владимир Путин и Италијанскиот Премиер Џузепе Конте, Руската влада испрати девет (9) авиони со повеќе од 100 експерти заедно со медицински материјали. Без претходна поддршка од своите пријатели од земјите членки од ЕУ, во состојба на очај Италија – четвртиот најголем придонесувач во буџетот на ЕУ – се заврте кон Русија. (Германија, Франција и Аустрија од тогаш испратија милиони маски во Италика, Чешка испрати неколку илјади заштитни одела. Германија превзема неколку дузини пациенти од Италија и Франција во своите болници. Полска испрати 12 доктори.)

Кога долго очекуваната Руска пратка пристигна, сепак, Италијаните увидоа дека огромен дел од медицинските материјали се неупотребливи за третман против коронавирусот. Целата ситуација наликуваше на сценариото од “Окупирани“ , Норвешка хит серија која прикажува Руска инвазија на Норвешка во не така далечната иднина.

“ Од севкупните медицински материјали од Русија, 80% беа комплетно неупотребливи или многу малку корисни во Италија. Со други зборови, целата пратка наликува на некаков изговор,“ изјавил за водечкиот весник La Stampa висок претставник на Италијанската Влада. Според него, Руската помош се содржела од, на пример, опрема за бактериска дезинфекција и теренска лабараторија за хемиско-биолошка стерилизација – а не респираторите и заштитна опрема за мединцкиот персонал кои толку многу и требаа на Италија.

Помошта од Кремлин е навистина прилично невообичаена. Медицинските експерти кои пристигнаа се од редот на Руското Министерство за одбрана, а не од Министерството за здравство, извести La Stampa. Уште почудно, повеќето се високи биолошки, хемиски и нуклеарни офицери во медицинскиот оддел на Руските Армиски Сили – а не медицински лица на “првата линија на огнот“ кои вообичаено се распоредуваат како помош при хуманитарни кризи.

Во моментот на објавување на овој текст, Руските офицери се стационирани во Областа Бергамо. Според писмото од Рускиот Амбасадор објавено во La Stampa, Руските експерти ќе работат примарно на санитација на пренаселените објекти. Бергамо, Италијанскиот град кој е најлошо погоден од коронавирусот, е лоциран на помалку од два часа од Виченца, местото во кое се наоѓа главната Воена База на Американската Армија. Офицерите патуваат “по НАТО патиштата“ забележа еден од Руските новинари. Во писмото, Амбасадорот – кој потрдува дека офицерите се биолошки, хемиски и нуклеарни експерти – посочи дека Русите ги ризикуваат своите животи. Тој е во право: Руските експерти може да се заразат од коронавирусот на првата линија во Бергамо. До денес, COVID-19, болеста предизвикана од коронавирусот, ги одзема животите на 51 Италијански доктори. Присуството на Рускиот армиски персонал во земја членка на НАТО, сепак, посебно во близина на Американска воздушна база, ја зголемува загриженоста дека Русите ќе го искористат својот престој да прибираат разнузнавачки податоци. Тоа што ја прави целата оваа мисија уште по запрепастувачка е фактот дека Италија е една од најголемите контрибутори со војници во таканаречините надворешни операции на НАТО и има 166 војници стационирани во Латвија како дел од напредното предвремено распоредување на НАТО, операција која треба да ја заплаши Русија. Истовремено со пристигнувањето на Руските офицери во Италија, авионите на НАТО пресретнаа Руски воен авион во близина на воздушниот простор на НАТО. Италија, земја оснивач на НАТО, се бори со најлошата криза по Втората светска војна со помошта од најголемиот противник на НАТО. Ова покранува и прашања за целта на Руската посета како и за тоа дали ова ќе влијае врз односот на Италија кон НАТО. Што се однесува до Руските медицински материјали, премиерот Конте пред Итлаијанскиот Сенат на 26 Март резигнирано изјави дека: “Незамисливо е нашата геополитичка определба и аранжман да биде условен со оваа опрема.“

Во меѓувреме, и Кина испрати медицински материјали и неколку медицински лица. Кинеските власти направија големо шоу од летот кој на 12 Март – како што беше соопштено од страна на Италијанскиот министер за НАдворешни работи, Луиџи Ди Маио – 31 тон опрема, вклучително и 40 респиратори. Од првиот лет навака, Кина испрати уште неколку пратки опрема, вклушително и 30 респиратори на 25 Март. Но за Италија, каде што скоро 100.000 луѓе се зараени со коронавирусот и повеќе од 10.000 починаа, ова претставува капка во кофа.

Доколку Кинезите беа вистински пријатели на Италија, ќе испрате десетици илјади респиратори. Уште пострашно, Кинеската помош не е хуманитарна. Додека дел од помошта беше од Кинескиот Црвен Крст, останатото Италијаните мораа да го платат. И како сол на раната, истовремено со пристигнувањето на првиот авион, Кинеските државни медиуми започнаа да шират неофицијални сознанија дека појавата COVID-19 всушност потекнува од Италија.

Кина испрати помош и во други земји исто така. Сепак, пратките се минорни, за влада со масивно производство на располагање, чие што мешетарење со иницијалната појава на коронавирусот придонесе тој да се пренесе на глобално ниво. Милион маски тука, неколку стотици таму, и неколку доктои не се многу за земјата која се смета за производител на 50% од светското производство на маски во 2019, производство кое во текот на Февруари отиде до неверојатни 110 милиони. Како споредба, Албанија, релативно сиромашна земја со помалку од 3 милиони жители, испрати во Италија 30 доктори и медицински сестри.

Кинеската помош е исто така исклучително скромна во споредба со таа од Германија (која и самата има повеќе од 60.000 заболени) и другите Европски земји великодушно ги помагаат нивните најлошо погодени соседи. Но за Кина, количината на помошто очеигледно не е важна: Пекинг ги користи пратките како одлична можност за добар ПР.

Со големи фанфари, маските за лице беа испратени до Спанија, Франција, Србија, додека ЕУ беше во центарот на манифестацијата на кинеското влијание. На 20 Март, Република Чешка прими пратка од Пекинг донесена со Кинески воен авион, настан кој беше масовно покриен од страна на про-режимските медиуми. Еден ден подоцна, Кинеската државна телевизија CGTN постави видео на youtube прикажувајќи процес на товарање на воз кој ќе ја разнесува помош.  Без изненадување, Шведска не прими помош од Кина. Наместо тоа, една од болниците таму, мораше да обезбеди филантропска спонзорство за да купи Кинеска медицинска опрема. Шведска меѓудругото е Кинескиот “црн превез пред очите“ резултат на нејзината поддршката за осудениот на затвор Gui Minhai, продавач на книги од Хонг Конг кој од 1990 стана Шведски државјанин. Но, Холандија, Шпанија и Италија добија маски од Huawei, телекомуникацискиот гигант “жеден“ за повеќе 5Г договори во Европа.

Иако со авион помошта за очајните Шпанци (околу 85.000 заразени и повеќе од 7000 починати) ќе пристигнеше многу побрзо, Пекинг се погрижи помошта за Шпанија да патува со воз преку “ременскиот пат“ (сличен на патот на свилата), патување кое ќе трае 17 дена.

Донацијата која патува за Шпанија, е во износ од 49.325 $, беше гордо објавено од страна на CGTN. Ваква помпа и фанфари немаше кога Мадрид одлучи да набави (купи) медицинска опрема во инзос од 473 милиони долари од Пекинг, вклучително и тестови за Коронавирус кои се испостави дека се фалични, или 1.3 милиони маски за лице, за кои за повеќе од половината се испостави дека се дефектни.

Шпанија и Италија се сметаат за лесни цели за тнр. Меко влијание на Кина во рамките на ЕУ. Од друга страна, Србија, иако со ниска стапка на заразени, е долгогодишен кандидат за члентво во ЕУ чија што верност Кина се обидува да ја осигура. Што се однесува до донациите на Република Чешка, која е тешко да се нарече епицентар на конорнавирусот, државата од неодамна стана цел на Кинеското обиди за влијание.

Споредете го однесувањето на државите кои даваат помош во вакви хуманитарни непогоди со она на Москва и Пекинг. Кога Јапан беше погоден од земјотрес пред 9 години, 50 држави веднаш понудија помош. Меѓу нив беше и нерпијателот Кина, која испрати помош вредна 4.5 милиони долари. Навистина, за време на куманитарни непогоди геополитиката се трга на страна и добрите Самрјани ја превземаат сцената.

Додека Кина сака и да продава производи и да ги отргнува државите од солидарноста на ЕУ и на НАТО, Руските обиди се од понезгодна природа. Што и да е вистинската природа на Руското присуство во Бергамо, со испраќањето на воени офицери како одговор на итна здравствена нега сигурно не е акт на несебичност, тоа е потег кој ќе го оштети НАТО на долг рок.

“Во моменти на нужда, оној кој ти помага е твој пријател“ изјави за Италијанското радио Подсекретарот во Министерството за надворешни работи на Италија, Манило Ди Стефано на 27 Март, нарекувајќи ја загриженоста од Руската и Кинеската помош “идиотизам“.

Библискиот добар Самаријанец им помага на непознатите без да очекува ништо за возрат. Кина и Русија воведоа нова категорија во хуманитарната помош: Лошиот Самаријанец. Кинезите и Русите можеби нудат рака за помош, но за разлика од писанијата, тие очекуваат нешто за возврат.

Вистински добрите Самарјани мора да докажат – на светот – дека во вистинска кога има нужна потреба навистина постојат. НАТО започна да го користи својот програм за Стратешко Користење на Воздушен пат, за да транспортира продукти за борба против коронавирусот до своите држави членки. Но, тоа не е доволна за да се сузбие предноста на Лошите Самарјани.

Ако државите членки на НАТО загубат само неколку нивни граѓани во при воен напад, тогаш алијансата ќе реагира со сета своја сила. Ќе испрати опрема, трупи и командири од сите свои земји членки на првата линија на огнот. Пандемијата предизвикана од коронавирусот сигурно не е конвенционален напад со кој НАТО е формиран да се справи, но ова е најголемата криза со која Италија се соочува откога НАТО е формиран. Што е потребно е Мисија на добриот Самарјанец – масивна НАТО акција на испраќање на медицинска опрема и персонал на смртоносната прва линија во Бергамо па дури и подлабоко. Тоа ќе им го покаже вистинското место на лошите Самарјани.

 

Статијата е комплетно превземена од foreignpolicy.com, оргиналниот текст можете да го прочитате на следниов линк.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap