ПИШИ-БРИШИ ОД ИНФОМАКС: ОБИДОТ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА НЕ ПРОЈДЕ

By ноември 6, 2019 Spin

Дезинформација бр:

#95

Дата:

06.11.2019

Извор:

infomax.mk

Време на читање:

2 мин.

Порталот Инфомакс на 31.10.2019 година објави вест за отварањето на фирмата „Баумер“ која што инвестираше во Северна Македонија. Во текстот се тврди дека на влезната табла на настанот стојат неколку странски јазици, вклучително и албанскиот, а македонскиот е изоставен.

Албанскиот јазик кој што авторот тврди дека го има, воопшто не стои на табелата или слајдот. Стојат официјалните јазици кои што се зборуваат во Швајцарија, од каде што е потеклото на фирмата „Баумер“ која што инвестираше во Северна Македонија, а тие се Францускиот, Италијанскиот, Романш (јази       к којшто се зборува во југоисточниот швајцарски кантон Грисонс) и Германскиот, јазици на кои што е напишан слајдот којшто го злоупотреби Инфомакс за да тврди дека Македонскиот јазик е изоставен.

На настанот беа присутни и премиерот и вицепремиерот, но на авторот на текстот му беше по интересно да го нагласи фактот дека бил присутен и министерот за странски инвестиции Арлинд Зеќири, за да ги доведе во заблуда читателите дека министерот албанец забранил поставување на поздравот на влез и на македонски јазик. На тоа асоцира самиот портал, преку прашање во дел од текстот:

„Дали бидејќи министрите се етнички Албанци, македонскиот јазик намерно е изоставен?“– се вели во дел од текстот.

Овој текст има за цел раздор во општеството и поттикнување на меѓусебна омраза.

После реакциите, порталот го избришал делот за јазиците на табелата. Во новиот текст Инфомакс.мк не се занимава со јазиците, туку со тоа кој е заслужен за новата инвестиција.

Leave a Reply

Share via
Copy link