ПРЕНЕСЕНА ИЗЈАВА ОД ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОЈА ШТО ВООПШТО НЕ БИЛА ОДРЖАНА

Дезинформација бр:

#71

Дата:

11.07.2019

Извор:

kurir.mk

Време на читање:

3 мин.

Оригинален наслов: ”Премиерот на Малта му порача на Рашковски: Ако мислите дека Малтежаните се измамници, тогаш дојдете и уверете се”

 

Порталот Курир објави текст  со горенаведениот наслов во кој пишуваат дека скандалот со снимките на генералниот секретар на Владата Рашковски,  кои излегоа во јавноста станале топ тема и во Малта, па тамошните медиуми почнале да тераат мајтап со македонската Влада. Имено, премиерот на Малта, Џозеф Мускат,  на прес конференција ги отфлил обвинувањата на Рашковски дека малтежаните се крадци и арамии и го повикува Рашковски ако сака навистина да види што се измамници да изнајми куќа на Гозо, бидејќи тие се невини јагниња во однос на жителите на островот Гозо. Порталот Курир овој текст го објавува повикувајќи се на текст на  малтешкиот сајт http://bis-serjeta.com.

Други портали кои ја пренесоа оваа вест проверете тука.

Порталот Курир го креирал својот текст базирајќи се на пишувањата на малтешкиот сајт, без да ги провери информациите што се напишани во текстот на    сајтот http://bis-serjeta.com . Имено, сајтот се повикува на изјава на премиерот на Малта, Џозеф Мускат, дадена на прес конференција. Оваа информација е целосно неточна што може да се провери и на официјалната страна на Владата на Малта, бидејќи  нема прес конференција, ниту изјава на премиерот за јавноста, која секако треба да е достапна за медиумите.

Уште повеќе непрофесионално и неетички е што порталот ја пренесува информацијата од портал чиј сопственик и уредник  е Karl Stennienibarra, кој за себе кажува дека е “најсериозниот” новинар во “сатиричниот“ остров Малта, а неговиот портал е “најсериозниот” портал на Малта.

Знаејќи или не, дека пренесува сатиричен текст, порталот Курир, ја пренесува дезинформацијата на нашата јавност во сериозен облик, со што се манипулира јавноста .

Целта на дезинформацијата од “наводната реакција” на премиерот на Малта, е да се прикаже на јавноста дека се нарушуваат односите меѓу двете влади, што е апсолутно неточно.

Дезинформацијата како таква е пренесена и од други портали, без притоа ниту еден од нив да ја истражи веродостојноста на информацијата што се пренесува, или пак да провери за каков сајт станува збор.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap