ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ НАРУШУВАЊЕ НА ЈАВЕН РЕД И МИР

By септември 12, 2019 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#88

Дата:

08.09.2019

Извор:

Alfa.mk

Време на читање:

3 мин.

Истакнување на поранешното знаме на Република Северна Македонија не е причина за приведување на граѓаните од с.Волино

Оргинален наслов: Приведени за истакнување на сонцето од Кутлеш, тензии пред полициската станица во Охрид!

На фудбалски натпревар одржан во с.Волино-Дебрца, полицијата која била задолжена за одржување на јавниот ред и мир била приморана да интервенира и да приведе неколку граѓани поради нарушување на истото. Меѓутоа на одредени медиуми се ширеше дезинформација дека граѓаните биле приведени поради истакнување на поранешното знаме на Република Северна Македонија. Дезинфомацијата беше пренесена од порталите: Експрес, Република, Курир, НетПрес.

Причината за приведување на граѓаните не била истакнување на поранешното знаме, туку напад на судија и спречување на службени лица во обид за приведување на напаѓачот. Демант на својата Фејсбук страна објави и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачевски, кој бил сведок на самиот настан. Според него на инцидентот не треба да му се придава политичка конотација и притоа истакнува дека тој не бил приведен, како што се објавуваше на одредени портали, туку дека самоиницијативно влегол во полициското комбе во кое се наоѓале приведените граѓани. И на официјалната страна на МВР во извадокот на дневни настани децидно е наведено дека причина за приведувањето е напад на фудбалски судија и попречување во извршување на службени дејствија. Воедно, Министерството за внатрешни работи испрати и претставка до ЗНМ, Советот за етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот на фудбалскиот натпревар во с. Волино. Од МВР очекуваат дека овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформативно постапување со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост.

Очигледно во иднина судиите мора два пати да размислат пред да донесат одлука непожелна за домашната екипа. 🙂

Leave a Reply