РЕЦИКЛИРАНИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ НЕ МОЖЕ ДА СТАНАТ ВИСТИНА НАВОДНО ≠ ТОЧНО И ВИСТИНИТО

By јули 21, 2019 јули 26th, 2019 D-NARRATIVE

Пред околу 6 месеци Порталот Инфомакс пласираше вест чиј наслов се состои од тврдење и прашање во исто време. Авторот на текстот во еден дел тврди, а во друг дел пишува дека според неофицијални информации Филип Медарски и Дејвид Стивенсон користеле конекции и влијание кај судии и обвинители со кое изнудувале рекет од лица кои биле под истрага на Специјалното Јавно Обвинителство.

Во текстот стои дека порталот ексклузивно ги дознал овие информации, а притоа нема приложено никакви официјални изјави, докази или слично за истото да го потврди. Информациите се фрлени од ракав, односно се работи за чисто нагаѓање.

Имено, порталот индирекно обвинува дека адвокатот Медарски и поранешниот дипломат на Американската амбасада во Скопје, Стивенсон, отвориле фирма за консалтинг се со цел да можат да ги перат парите кои наводно ги изнудувале од разни бизнисмени и политичари кои биле под истрага на СЈО. Шпекулациите одат доттаму што авторот пишува и дека тие двајца се претставувале во име на поранешниот Амбасадор на САД Џес Бејли. Според авторот Република Северна Македонија официјално станала единствена држава во која странски државјанин отвора фирма што апсолутно не е точно. И да е така, нема ништо спорно во тоа затоа што тоа е дозволено со закон.

Сосема очигледна е и злоуптребата на писмото кое тогашниот амбасадор Бејли го испрати до Кривичниот суд. Во писмото Амбасадорот  Бејли има изразено разочарување од информациите кои во тоа време пристигнувале до него дека судиите носеле пресуди кои биле диктирани од амбасадата на САД а исто така и дека дел од судиите се криеле позади влијанието на оваа Амбасада за дел од одлуките кои ги донеле.

Се лиферува и со информација дека во Кривичниот суд настанала паника во моментот кога Бејли “дознал” дека Стивенсон и Медарски лажно се претставувале како негови “пратеници”. Целиот текст се базира врз претпоставки и шпекулации повторно без повикување на извори.

Обвинувањата од страна на истиот портал продолжуваат и после пет денови. Во вториот текст се повторува истиот наратив, односно се обвинуваат Стивенсон и Медарски дека поради своите позиции и влијанија во тоа време изнудувале пари и ветувале ослободителни пресуди на лица кои биле под истрага на СЈО.

Во еден дел од текстот стои дека името на компанијата е “Statecraft”, што е апсолутно точно, но она што не е вистина е тоа дека значењето на зборот е “креирање на држава”.

Значењето на зборот Statecraft всушност е “Водење на држава”, а со самото тоа не може да се поврзе името на фирмата со промената на името на Република Македонија во Република Северна Македонија.

И во двата текста има идентична реченица која се заснова на неосновани информации.

Текстот шест месеци подоцна е пренесен од страна на порталот Експрес. Истиот се користи како легитимен аргумент се со цел да се дискредитираат двајцата, Медарски и Стивенсон.

Медарски и Стивенсон имале уставно право да ја оформат фирмата, а вредно да се напомене е тоа дека фирмата се занимава со услуги поврзани со странски инвестиции, а не со адвокатски или судски услуги.

Судството е еден од најголемите предизвици во Република Северна Македонија, довербата во судството е ниска, но тоа незначи дека овој контекст треба да се злоупотребува од страна на медиумите.

Според тоа што сите овие информации се шпекулативни, текстовите не нудат никакви докази туку се базираат на претпоставки врз база на одредени вистински факти, сепак, истите погрешно ги наведуваат читателите и овозможуваат носење на погрешни заклучоци.

Leave a Reply