Руско влијание: Олигархизацијата на медиумските пазари на Балканот

Tags:
By декември 15, 2019 март 25th, 2020 Other, Retrieved

Руски инвестиции помеѓу 5,1 милијарда евра и 7,5 милијарди евра (сметајќи ги и директните странски инвестиции од офшор дестинации во индиректна сопственост на Русија)  влегле во регионот од 2006 година.

 

Русија е многу вешта во стратешкото користење на своите економски ресурси за да изврши притисок надвор, стратегија која е особено видлива во Југоисточна Европа[1]. Меѓутоа, економското влијание на Русија излегува од рамките на официјалната статистика. Всушност, ако ги погледнеме само официјалните статистички податоци, присуството на Русија во Југоисточна Европа забележува пад низ целиот регион откако САД и ЕУ наметнаа санкции по припојувањето на Крим во 2014 година. Руските компании директно или индиректно контролираат помеѓу 5 и 10% од регионалната економија, што е пад во споредба со 2006 [2]година кога таа бројка изнесуваше околу 15%. Руски инвестиции помеѓу 5,1 милијарда евра и 7,5 милијарди евра

 

Слика 1 . Оперативен приход (обрт) на компаниите под контрола на Русија како удел во вкупниот оперативен приход за економијата во селектирани балкански земји (%)

Забелешка: Веродостојни податоци за Албанија и Северна Македонија не се достапни.

Извор: Пресметки на Централниот депозитар за хартии од вредност врз основа на статистички податоци од националните и меѓународните корпоративни бази на податоци.

 

(сметајќи ги и директните странски инвестиции од офшор дестинации во индиректна сопственост на Русија) [3]влегле во регионот од 2006 година. Реалните руски инвестиции во регионот би биле поголеми доколку целосно би се зеле предвид сите протоци на инвестиции контролирани од Русија насочени преку офшор региони како што е Кипар или користењето на претпочитани посреднички инвестициски држави како што се Холандија, Луксембург  и Австрија. Овие земји се едни од најголемите странски инвеститори во Србија и Бугарија, на пример. Не секогаш постојат докази дека Русија е крајниот стварен сопственик на таквите инвестиции.

Тоа претставува помалку од 5% од вкупниот капитал од СДИ.[4] Исклучок е Црна Гора, каде рускиот капитал во СДИ го достигна својот врв со 13% од вкупниот и близу една третина од БДП на земјата. Црногорската економија е исто така во голема мера зависна од извозот на туристички услуги во Русија, кој сочинуваше 22% од БДП во 2013 година пред да падне на 8% во 2016 година. На спротивниот крај од спектарот на анализираните земји се Албанија и Косово, каде руското економско присуство е маргинално, иако постојат некои индиректни канали на прилив на руски капитал преки локални и регионални посредници. Слично, билатералниот трговски дефицит на регионот со Русија, главно воден од увоз на нафта и гас, е исто така опаднат од 2008 година од 5,6% од БДП на 1,4% на сметка на пониски цени и поразновидна трговија.

 Сепак, капиталот контролиран од Русија е во голем дел инвестиран во целни стратешки сектори меѓу кои енергетика, инфраструктура, комуникации, финансии и трговија на мало. Во овие сектори, фирми поврзани со Кремљ стекнаа некои од најголемите компании во регионот, вклучувајќи го бугарскиот најголем телеком, BTC (кој работи под брендот Vivacom), српската нафтена компанија НИС и најзначајниот малопродажен ланец на Западен Балкан, Агрокор. Руските компании за нафта и гас непрекинато ја попречуваат диверзификацијата на снабдувањето со енергија и либерализацијата на енергетските пазари во регионот. Тие успешно ја цементираат својата контрола врз најголемите рафинерии, нафтените дистрибутивни мрежи и капацитетите за пренос и складирање на гас во целиот регион. Тие го заробија регионот во скапи и економски сомнителни масивни проекти, како што е гасоводот „Турски тек“, кои на мрежите на домашни и руски бизниси им служат како извор на значително  влијание врз носителите на одлуки и институциите.

 

 Слика: Приказ на начинот на кој Русија го користи “Турски тек“ како алатка за „заробување“

 

  • Создавање долгорочна финансиска ранливост за енергетските компании во државна сопственост
  • „Заробување“ на моќни локални економски и политички актери преку претходно утврдени градежни договори
  • Занемарување на стратешките приоритети во енергетскиот сектор, постојните закони и договорните обврски за проектот да се направи неизбежен
  • Користење на проектот како долгорочен извор на политичко влијание

Извор: Центар за проучување на демократијата

 

 За да ги искористи постоечките дупки во владеењето во регионот, стратегијата на Русија е да „улови“ моќни локални брокери нудејќи им бизнис можности спонзорирани од владата за висок профит[5]. Преку безбедносниот апарат на земјата, Кремљ на чело со Путин се посилно го стегаше стисокот околу руските главни јавни и приватни, па дури и врз помалку важните, бизнис интереси. Тоа го зголеми ризикот од користење опортунистички или стратешки бизнис интереси на Кремљ надвор од земјата заради унапредување на своите надворешно-политички цели[6]. Неспособноста и неволноста на финансиските регулатори и безбедносните служби во Европа, а особено во Централна и Источна Европа, да истражат каков е рускиот бизнис интерес од мешањето во локалните пазари и политики ја зголеми можноста за тие ризици дополнително да се материјализираат.

Вообичаен начин на спроведување на стратегијата на Русија во регионот е користењето на поранешни безбедносни службеници со значително влијание врз партии, бизниси и институции во функција на посредници кои ќе ги поддржуваат интересите на Москва кога е потребно. Во регионот се случува и спротивното, кога локални моќни економски групи ги користат своите врски со Русија за да обезбедат капитал и политичка поддршка за стекнување капитал и инвестирање во големи проекти. Понекогаш домашните интереси ја барале и добиле економската и политичката поддршка од руските компании да се вклучат во рентиерство (rent-seeking) со своите национални влади, искористувајќи го отсуството на контрола и владеење на правото. Како замена за името на нивниот бренд или капитал, руските компании земале номинален капитал во лукративни домашни бизниси и добивале пристап до стратешки средства (имот) во телекомуникациите, финансиите и, најчесто, енергетиката.[7]

 

 Јакнење на руското економско влијание преку алатки за „остра моќ“

Русија користи различни механизми за да го зајакне своето влијание во Североисточна Европа[8], меѓу кои:

  • Користење на структурните економски слабости (најефикасно во енергетскиот сектор) како адут за постигнување пренагласено политичко влијание во навидум неповрзани области на одлучување.
  • Развивање мрежи за „заробување“ на држави со инкорпорирање на моќни брокери по пат на корупција или заплашување и повлекување на стари врски кај безбедносните мрежи.
  • Искористување на отсуството на регулатори и широкораспространетите дефицити во управувањето со државните претпријатија во енергетскиот сектор за да се овозможат лукративни зделки, да се спречи конкуренцијата на енергетските пазари и да се гарантира поддршката на земјата за инфраструктурните проекти водени од Русија.
  • Поддржување на големите и малите политички партии кои често имаат ефективни канали на влијание низ целиот политички спектар, што е особено точно за Бугарија, Србија и Црна Гора.
  • Усогласување на официјалниот владин наратив на Русија со каналите за дезинформирање и ширење пропаганда преку „заробување“ на медиумите и други форми на влијание.

 

Слика 3. Како Кремљ го користи „заробувањето“ на државата за да постигне политичко влијание

Заробување“ на регулаторните или контролните институции преку постоечки мрежи или повеќекратни корупциски трансакции

Стекнување стратешка државна компанија/имот преку неконкурентен тендер/приватизација

Истиснување на конкуренцијата и создавање монопол

Користење на профитот за јакнење/развивање мрежа на фаворитизам

Утврдување на мрежата на фаворитизам во одлучувањето на владата

Извор: Центар за проучување на демократијата

 

Еден од најефективните механизми за јакнење на руското економско влијание кое се темели на „заробување“ на државата е активирањето на инструментите за остра моќ како што се „заробување“ на медиумите, културните и верските врски и спонзорирањето на активности на граѓанското општество.[9] На површина, тие може да се чинат како алатки за меко влијание бидејќи поттикнуваат специфична размена на идеи за улогата на Русија во Европа. Но поткрепени со целно економско присуство во медиумскиот сектор и агресивно воено и геополитичко држење, во пракса тие успешно ги променија социо-културните наративи во многу земји од Југоисточна Европа. Русија активно се обидува да ги поткопа општествените перцепции за западните вредности, целите на националните политики и културно-историските реалности преку отворено преиспитување на факти, од една страна, и преку наметнување наративи кои не се поддржани со докази, од друга. Исходот од оваа стратегија е зголемување на општествените тензии и политичка нестабилност во Југоисточна Европа водени од искористувањето на постоечките поделби во општеството од страна на Русија. Највидливите пукнатини врз кои Кремљ вршеше дополнителен притисок се порастот на етничкиот национализам во Босна и Херцеговина, анти-НАТО протестите во Црна Гора и политичките превирања во Северна Македонија по изборите во 2016 година.

 

Групите поддржани од Русија играа клучна улога во поттикнувањето внатрешни конфликти со цел промена на стратешки национални одлуки.

Еден од клучните канали на острата моќ на Русија во Југоисточна Европа е Православната црква. Таа игра улога на клучен духовен посредник за ширење на руската агенда во Југоисточна Европа, организирајќи различни иницијативи под велот на религијата. Парадоксално, руската и многу православни цркви од Југоисточна Европа се бастиони на поранешните безбедносни служби, со што дополнително се јакне влијанието на Кремљ. Уште еден канал на остра моќ е заситувањето на регионалниот медиумски простор со руска пропаганда и дезинформации. Русија ги користи финансиските проблеми во обезбедувањето содржини и ниското ниво на медиумска слобода во Југоисточна Европа за да наметне бесплатна содржина која оди во прилог на Кремљ, да ја зајакне медиумската економска зависност преку директна капитална сопственост или проток на реклами, и да негува (не)формални политички врски на медиумските куќи со про-руските групи и интереси. Нетранспарентноста на медиумската сопственост, во комбинација со едвај постоечки конфликти на интереси и етички одредби, е зајакната со зависноста од големи комерцијални огласувачи на мали рекламни пазари, како и со олигархизацијата на медиумските пазари во Југоисточна Европа. [10]Русија исто така го обезбеди своето политичко влијание не само преку директната поддршка која им ја дава на големите и малите политички партии подеднакво, туку и преку поттикнување на јавно незадоволство и разоткривање на ранливостите на либералниот демократски систем на владеење со помош на следните „сојузници“:

  • Граѓански организации и квази-политички партии кои се официјално или тајно финансирани од руски фондации или донатори кои ги застапуваат интересите на Русија, вклучително и банки.
  • Протестни или лоби групи мобилизирани на ад хок основа чија цел е да сеат конфузија и да се опираат на конкретни владини одлуки. Тие се често поврзани со фудбалски клубови, клубови за боречки спортови, итн. кои добиваат поддршка од руски бизниси.
  • Интернет тролови, блогери, водители на дебатни емисии и креатори на сомнителни интернет страници чија цел е да шират дезинформации.

 

[1] Vladimirov, M. et al. 2018. Russian Economic Footprint in the Western Balkans: Corruption and State Capture Risks. Sofia: Center for the Study of Democracy.

[2] The numbers indicate the share of Russia-controlled companies’ turnover in the total turnover of all companies in the economy. For a more detailed methodological description see: Vladimirov, M. et al. 2018. Russian Economic Footprint in the Western Balkans: Corruption and State Capture Risks. Sofia: Center for the Study of Democracy

[3] The actual Russian investments in the region could be much higher, though, if all Russia controlled investment flows channeled through offshore areas such as Cyprus or the use of preferred intermediate investment countries like the Netherlands, Luxembourg, and Austria, could be considered in full. These countries are among the largest foreign investors in Serbia and Bulgaria, for example. Russian final beneficial ownership of such investments cannot always be accounted for.

[4] One notable exception is Montenegro, where Russian FDI stock has reached its peak at 13% of the total and close to onethird of the country’s GDP. The Montenegrin economy is also heavily dependent on the export of tourism services to Russia, which made up 22% of GDP in 2013 before falling to 8% in 2016. On the opposite spectrum from the analyzed countries are Albania and Kosovo where Russian economic presence is marginal, although there have been some indirect channels of Russian capital influx through local and regional intermediaries.

[5] Shentov, O., Stefanov, R., and Vladimirov, M. (Eds.). 2018. The Russian Economic Grip on Central and Eastern Europe. Routledge

[6] Conley, H. A., Ruy, D., Stefanov, R., and Vladimirov, M. 2019. The Kremlin Playbook 2: The Enablers. Rowman & Littlefield

[7] Stoyanov, A., Gerganov, A., and Yalamov, T. 2019. State Capture Assessment Diagnostics. Sofia: Center for the study of Democracy; Shentov, O., Stefanov, R., and Vladimirov, M. (Eds.). 2018. The Russian Economic Grip on Central and Eastern Europe. Routledge

[8] Vladimirov, M. et al. 2018. Russian Economic Footprint in the Western Balkans: Corruption and State Capture Risks. Sofia: Center for the Study of Democracy

[9] Cardenal, J. P. et al. 2017. Sharp Power. Rising Authoritarian Influence. National Endowment for Democracy, International Forum for Democratic Studies.

[10] Filipova, R. et. al. 2018. Russian Influence in the Media Sectors of the Black Sea Countries: Tools, Narratives and Policy Options for Building Resilience. Sofia: Center for the Study of Democracy.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap