СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ПРОТИВ FAKE NEWS

By август 14, 2019 март 25th, 2020 F2N2 ANALYSIS

Владата на Северна Македонија се нафати да се бори против лажните вести по големата експанзија што овој феномен ја почна, и особено откако во последните изборни циклуси во Северна Македонија почнаа да се пишуваат разни лажни вести кои што наштетуваа на процесите и создаваа раздор и тензија во општеството, но особено по „пранкот“ што руските комичари му го направија на премиерот Зоран Заев претставувајќи се како украински премиер. Иако идеите на Владата се само првични, и сеуште ќе се доработуваат, планот на Владата е да се создадат безбедноснипроактивни мерки кои начелно изгледаат вака..

Меѓу таканаречените безбедносни мерки се набројуваат :

 

  • Ревидирање на внатрешните безбедносни протоколи за комуникација во институциите и со надворешните субјекти со цел намалување на можности за протекување сензитивни информации
  • Воведување безбедносни протоколи за дигитални комуникации за сите државни службеници за безбедно користење интернет, службена електронска пошта и службени мобилни телефони
  • Зајакнување на внатрешната ИТ инфраструктура во Владата и министерствата за спречување надворешни напади на инфраструктурата
  • Се предвидува и воспостваување протокол за кризни комуникации помеѓу Владата и министерствата со цел брзо спротивставување на дезинформации кои се шират преку социјални мрежи и интернет портали

Во таканаречените проактивни мерки меѓу другото, се предвидува :

 

  • Формирање Акциска група за борба против дезинформациите

Во оваа група ќе учествуваат претставници од канцелариите на премиерот, на претседателот на државата и на Собранието, од МВР, МНР, МО, Техничко Оперативната Агенција, Агенцијата за разузнавање и други институции кои што ќе следат и анализираат дезинформации во јавноста и ќе се координираат во борбата против овие вести, односно , против ширење на дезинформациите.

Групата ќе ја координира министерот за транспарентност и отчетност Роберт Поповски и советникот за односи со јавност во кабинетот на премиерот Марјан Забрчанец. Групата ќе спроведува едукативна кампања за штетното влијание на дезинформациите, ќе соработува со организации кои се бават со проверка на фактите и водат регистар на изворите кои шират дезинформации, а ќе поттикне и дебата за утврдување медиумски стандарди за интернет-порталите согласно Препораките на Европската Комисија и Советот на Европа.

Владата ќе започне и процес на креирање Национална стратегија за медиумска писменост во чии рамки ќе бидат опфатени и активности на институции, медиуми и граѓанскиот сектор, како и за вклучување на медиумската писменост во образовниот процес.

 Албанија создаде пакет на законски измени за борба со лажни вести

Иако во Северна МАкедонија сеуште се дебатира за обликот на стратегијата за борба со лажните вести, во соседна Албанија веќе е составен и предлог закон којшто помина на седница на албанската влада на почетокот на овој месец.  Се предвидуваат строги казни за порталите кои што ќе објавуваат лаги кои што се предвидуваат да бидат во парична глоба или затворање на порталот.

Така, ако еден медиум во Албанија објави лажни вести, ќе се казни парично од 800 до 8 000 евра.

Медиумите мора да дадат простор на прозваните лица во нивните текстови за демант, или во спротивно, ќе се соочат со глоби над 6, или околу 7 илјади евра.

Според нацрт законот, сопствениците на медиумите, вклучително и порталите мора да објават импресум, односно да напишат на видно место кои се авторите на текстовите, кој е уредник а кој сопственик, со цел да на оштетените им се овозможи правото на жалба по лажна вест или клевета. Но ќе треба да наведат јасно и кои се нивните извори на финансирање.

Ревизорите на Органот за ревизорски медиуми (АМА) ќе ги изрекуваат глобите. Покрај казните, АМА ќе има право да го блокира порталот којшто ќе објави лажни вести.

 Мерките кои што ги предвидува „пакететот против лажните вести“ за блокирање и бришење на портали

– Суспендирање / блокирање на порталот, во времетраење од 24 часа, ако се објават 3 лажни вести во текот на една календарска година.

– Суспендирање / блокирање на порталот, во времетраење од 7 дена, доколку во рок од една календарска година објавил над 4 текста со лажна содржина.

– Суспендирање / блокирање на порталот за една година, ако објавил над 5 лажни вести.

– Целосно блокирање односно затворање на порталот ќе се случи ако не ги земат предвид жалбите или поплаките четири пати по ред во една календарска година .

Но, сите овие мерки сè уште се неодобрени, бидејќи пакетот е сè уште во фаза на нацрт-закон и може да претрпи измени..

Предлог законот, покрај тоа што ги казнува медиумите и порталите кои објавуваат невистинити вести,и  ги принудува да се регистрираат, им налага и строги правила за рекламирање и извори на финансирање.

 

 

A.М.Д.

Leave a Reply

Share via
Copy link