СЕКСИЗМОТ Е СЕ УШТЕ ЖИВ И „ЗДРАВ“

By август 16, 2019 EXPERT ANALYSIS

Пред неколку години, Урсула Легуин (1969) опиша еден фиктивен свет во кој не постојат „жени“ или „мажи“, туку само индивидуи. Секако дека ова е оставено на интерпретација, но ако тргнеме од личен аспект, ние пред се сме живи суштества со чувства, без разлика на кој пол припаѓаме. Со декади научниците расправаат дека жените и мажите функционираат на различен начин бидејки нивниот мозок се разликува. Но сето ова не е ништо ново, сепак биологијата е таква кава што е, но каква улога играат општествените норми во животот на жените и на мажите? Дали на мажите им е полесно отколку на жените? Доколу не е така, тогаш зошто во 21’ви век жените сеуште не се рамноправни со мажите? Додека се очекува од мажите да бидат успешни и амбициозни, не може да се каже дека општеството ги има истите очекувања од жените. Секако дека жените треба да заработуваат пари, но не и повеќе од мажот! Запрашајте се, какви би биле насловите на порталите доколку се работеше за директор МАЖ?

Историјата ни покажува доволно примери за тоа како жените биле лишени од позиции, права и институции, а во сегашноста жените не се доволно застапени на високи позиции, земаат помала плата од мажите, и имаат помалку шанси да бидат политички лидери.

Директорката на УЈП во неколку наврати била изложена на намерна дискредитација преку серија на непримерни, дискриминаторски, навредливи и сексистички наслови за што повеќе можете да прочитате тука.

 

 

Сексизмот е комплициран

Постојат различни видови на дискрминација, како што е на етничка база, на економска база и т.н. и сите видови се комплцирани. Тој што дискриминира, има можност при тоа да ја избегне онаа група која не му се допаѓа. Истото не може да се каже и за родовата дискриминација, бидејки во тој случај тој што дискриминира е во постојан контакт со спротивниот пол, а во повеќето случаи, истиот човек има сопруга, ќерка или родител покрај него. Модерните сексисти се разликуваат од старомодните сексисти, додека старомодните веруваа дека жените се негувателки и домаќинки, модерните сексисти често знаат да кажат; „Ги подржвам правата на жените, но ептен претераа со нивните барања за еднаквост, кај и да е секаде ќе се вработат!“, ваквото лицемерие може да предизвика неоснована омраза кај човекот, кое потоа може да премине во насилство со цел да се биде доминантен над другиот пол.

Медиумите и новинарите мора да ја почитуваат етиката во своите известувања. Ваквиот начин на медиумска комуникација е непримерен, што е неприфатливо за професионален новинар или медиум. Медиумите мора да се придржуваат до правилата за професионално известување.

 

 

Мерал Мусли Тајроска – Психолог, експерт за насилен екстремизам и радикализам, активист за правата на жените

Leave a Reply