СОЦИЈАЛНИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ ГЛЕДААТ БЕЗБЕДНОСТ ВО “СТАТУС КВО“, ДОДЕКА ЛИБЕРАЛИТЕ ГЛЕДААТ МОЖНОСТ ВО ПРОМЕНИТЕ

By септември 30, 2019 F2N2 ANALYSIS

Колку една личност е либерална или конзервативна предвидува колкава е веројатноста тaa да верува во информации за потенцијални опасности, според прелиминарното истражување што го спроведе Psychological Science, списание на Здружението за психологија. Студијата беше објавена во февруари 2017 година и откри дека луѓето кои имаат повеќе социјално конзервативни погледи било значително поверојатно да ги сметаат за веродостојни лажните информации за заканите отколку луѓето со либерални верувања.

Истражувачите, меѓу кои и Ен Пизор (Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара) и Колин Холбрук (Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес), предводени од професорот по антропологија на УЦЛА, Даниел Феслер, ја започнале својата работа долго пред откритијата во врска со ширењето и можното влијание на лажните вести, но нивните откритија може да помогнат да се сфати зошто напорите за ширење дезинформации водени од профитот наменети за конзервативците, биле поуспешни од еднакво невистинитите извештаи наменети за либералите за време на претседателските избори во САД во 2016 година. Лажните, потпалувачки статии кои биле креирани за да ѝ се допаднат на либералната публика не генерирале огромен број на кликови или споделувања потребни за да бидат профитабилни преку рекламите на социјалните мрежи. Сепак, некои конзервативни содржини услевале во тоа.

„Луѓето имаат општа тенденција да веруваат во информации за опасности повеќе отколку што веруваат во информации за придобивки“, вели Феслер, кој е главен автор на студијата. „Ова е разбирлива шема со оглед на тоа што трошоците за соочување со опасности честопати би биле повисоки од трошоците за преземање на непотребни мерки на претпазливост“.

Во две студии за Американците, една спроведена во 2015 година и една во 2016 година, луѓето биле запрашани да одлучат колку биле вистинити или лажни секоја од 16-те дадени изјави. Половина од изјавите се однесувале на придобивките (на пример, „Вежбање на празен стомак согорува повеќе калории“), а половина од изјавите се однесувале на опасностите („Алкохолизиран патник може делумно да ја отвори излезната врата на патнички авион, предизвикувајќи кабината да се декомпресионира и да се отворат маските за кислород”). Сите, освен две од 16-те изјави биле лажни. Учесниците исто така се изјаснувале по нивните политички наклонетости преку наведување на нивните ставови за најразлични политички прашања.

Конзервативците и либералите не се разликувале во тоа колку сметале дека изјавите за придобивките биле вистинити, но покажале јасни разлики во тоа колку верувале во изјавите за опасностите. Анализирајќи ги одблизу мислењата на луѓето за различните политички теми, истражувачите откриле дека ова е предводено од ставовите на учесниците за социјалните прашања, како што се абортусот и бракот помеѓу истополови партнери. Мислењата на испитаниците за економските прашања, како што се намалувањето на даноците, не биле поврзани со тоа колку тие верувале во изјавите за опасностите, вели Феслер. Наместо тоа, вели тој, сѐ зависи од тоа колку е објективно опасен светот. Либералите поверојатно е дека ќе ги отфрлат предупредувањата за опасностите, додека конзервативците поверојатно е дека ќе веруваат во нив. Кога вистинските опасности би биле возможни, либералите почесто би настрадаале од последиците од непочитувањето на точните предупредувања. Кога вистинските опасности би биле ретки, конзервативците почесто би настрадале од последиците од обидот да избегнат непостоечки закани и би ги испуштиле можностите за продуктивна иновација.

Студијата и нејзините откритија се во согласност со растечката работа во испитувањето на психолошките разлики помеѓу конзервативците и либералите, вклучително и тоа каква улога играат карактеристиките на личноста и биолошките фактори во политичката ориентација. Претходните истражувања покажуваат дека конзервативците се почувствителни од либералите на заканувачките вести. Навистина, одговорите на заканите се важна димензија на политичката ориентација.

„Социјалните конзервативци гледаат безбедност во “статус кво“, додека либералите гледаат можност во промените“, вели Феслер, објаснувајќи дека ниту една перспектива, конзервативната или либералната, не е поефикасна од другата во справувањето со светот околу нас.

Феслер вели дека се надева дека ова прелиминарно истражување и идните студии ќе им помогнат на луѓето да размислуваат покритично за тоа како ги апсорбираат и обработуваат информациите.

Коавтори на истражувањето се Ен Ц. Пизор (Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара) и Колин Холбрук (Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес).

Мерал Мусли Тајроска

 

Извор: https://www.psychologicalscience.org/news/releases/political-affiliation-can-predict-how-people-will-react-to-false-information-about-threats.html

Leave a Reply