Со монтирано видео до руска пропаганда

By септември 8, 2019 F2N2 ANALYSIS

Рускиот претседател Владимир Путин свири на пиано  руски песни , а не македонски песни

 

На социјалните мрежи деновиве пак се споделува  видеото на кое рускиот претседател Владимир Путин ја свири на пиано македонската песна Јовано Јованке.

Со едноставна монтажа до пропаганда.

Јавноста се манипулира со видео на кое Путин свири на пиано, наводно макдеонски песни.

За монтажа се користи видеото од настан во мај, 2017 година кога рускиот претседател Путин  пред состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг во кинеската резиденција  свири две руски песни. Неколку денови подоцна истата година 2017, на каналот You Tube се појавуваат  монтирани  видеа   со песните   Јовано Јованке, Македонската национална химна , а неколку месеци подоцна , поточно на 01 февруари, 2018 година се појавува и ведео со песната Македонско девојче.
Деновиве, две години подоцна повторно овие монтирани видеа се интересни за споделување. Повторното ширење го започнуваат фејсбук страните  Macedonian Orthodox Community of Australia  и Macedonian Worldwide, за пoнатаму да се прошири  помеѓу поголем број на корисници  на фејсбук мрежата.
Целта на оваа манипулација е воздигнување на ликот на рускиот претседател во очите на македонската јавност. Јавноста се восхитува на тоа како Путин ја “испочитувал” македонската нација со тоа што “научил”  да свири на пиано македонски народни песни.
Споделувањето од страна на националистички фејсбук страни  каде не изостануваат фотографии од сонцето на Вергина, не упатува на тоа дека целта на споделувањето на овие видеа не е од забавен карактер, туку многу повеќе во позадина се кријат националистички  и политички мотиви за манипулација на јавноста.

Leave a Reply