Стари дезинформации повторно им се пласираат на јавноста

By август 21, 2019 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#84

Дата:

19.08.2019

Извор:

Puls 24

Време на читање:

2 мин.

Оригинален наслов:   Објавено писмото на Димитров со кое Македонија се откажува од македонска националност

Порталот Пулс 24 на 19 август,  објавува текст  со горенаведениот наслов, како нова актуелна вест, во кој се пишува за писмото потпишано од Никола Димитров, што вчера било испратено за да се информира грчката страна дека  во Република Македонија се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на Конечната спогодба.

Истата таа вест за термините државјанство, националност и етничка припадност од писмото на Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, беше актуелна и објавена од повеќе портали пред повеќе од 7 месеци.

Тимот на F2N2 ја обработуваше оваа вест по нејзиното објавување од повеќето портали пред 7 месеци, и даде квалификација на спин.

Во недостиг на теми за точно и непристрасно известување на јавноста, порталот Пулс 24, се користи со спинувана стара вест од месец Јануари, 2019 година, и тоа воден од истиот наратив против Преспанскиот договор.

Непрофесионалноста на авторот на текстот ја доведува јавноста во заблуда со временскиот термин вчера”, а со тоа повторно предизвикува провокација во однос на мошне осетливата тема за македонскиот идентитет.

Leave a Reply