СЀ УШТЕ НЕ Е ДОКАЖАНО РЕАГИРАЊЕТО НА КРВНИТЕ ГРУПИ НА КОРОНАВИРУСОТ

Во време кога целиот социјален живот, речиси комплетно се одвива во on-line просторот, и кога целиот свет се надева на решенијата, кои сепак ќе ги даде науката, научните истражувања треба внимателно да се пренесуваат. Дали и која крвна група е најподложна на корона вирусот е се уште недокажано. 

Мината недела поголем број на медиуми во Северна Македонија, објавија дека луѓето со крвната група А се најподложни на коронавирусот.

Во објавата на овој податок, медиумите се повикуваат на истражувањето на група кинески научници, чии сознанија беа објавени на сајтот „МedRxiv “  на 11 март 2020.

Проверувачот на факти snoops.com, укажува дека ова тврдење сеуште не е докажано, иако не може да се отфрли комплетно. Станува збор за истражување кое е во прелиминарна фаза. Имено, кинеските научници спровеле истражување на 2.173 пациенти од 2 болници, во Вухан и Шенжен. Покрај ова, научниците го спровеле истражувањето и врз контролна група на луѓе, со цел да испитаат колкаво е учеството на луѓе според крвните групи во бројот на заболени од корона вирусот. Прелиминарните резултати, навистина покажале дека луѓето со крвна група А се повеќе подложни на инфекција и смрт од корона вирусот.

Но, она што е важно да се напомене е дека самите истражувачи во трудот предупредуваат дека нивните резултати не треба да се користат како водилка во клиничката пракса.  Дополнително на ова, истражувањето е прелиминарно, и сеуште не е завршен процесот на рецензија од стручната фела. Исто така, истражувањето сеуште не е објавено во друго научно списание. Понатаму, истражувањето има ограничувачки фактори, а тоа се големината на примерокот и географскиот опсег.

И самиот сајт medrxiv.org во своето претставување, наведува дека нивните објави се прелиминарни и не се сертифицирани, поради што не треба да се пренесуваат во медиумите како доверливи извори на информации.

„MedRxiv (се изговара “мед аркајв”) е бесплатен сервер за интернет архиви и дистрибуција на целосни, но необјавени ракописи за медицински, клинички и слични здравствени науки. Тие предизданија претставуваат прелиминарни извештаи за работа кои што не се заверени од рецензија. Не треба да се потпираме на нив при водењето клиничка пракса или било каква активност поврзана со здравјето и тие не треба да се објавуваат во медиумите за вести како утврдени информации.“

 

Разбирлива е потребата за информирање на граѓаните за напредокот во медицината, но пренесувањето на прелиминарни резултати од одредено истражување, без да се пренесат предупредувањата, може да ги доведе граѓаните во заблуда. Ваквите истражувања можеби може да им помогнат на експертите и професионалците во областа на медицината. Сепак останатите граѓани “не треба да ги земат овие статистики сериозно, и доколку имате крвна група А, да не паничите” – посочува истражувачот Gao Yingdai, за China South Monitoring Post.

 

 

Leave a Reply

Share via
Copy link