УЧЕНИЦИТЕ СО ХИМНАТА СЕ ЗАПОЗНАВААТ УШТЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

By септември 13, 2019 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#90

Дата:

10.09.2019

Извор:

denesen.mk

Време на читање:

3 мин.

Оригинален наслов: Скандал: БЕТОН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЗАЕВ: Химната „Денес над Македонија“ и во учебник заменета со „Џелем, џелем“ и албанската „Штатори“

 

На 10.09.2019 порталот Денешен објави текст кој е дезинформација. Текстот набрзо беше пренесен и од страна на: Екран, Нетпрес, Маркукуле, ЗаСе, Експрес, Весник, Вечер, 365, Република, Инфомакс, Лидер, Курир, Сигнал.

Медиумот како свој извор  го наведува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на ОК Карпош, Тони Јаревски, кој изнесените податоци како став ги презентира на неговиот профил на социјалните мрежи.

Линк до објава: Денешен

Архива на објави: медиуми

Архивирана статија: линк.

Објавениот текст  е дезинформација, со која се прави обид за манипулација на јавноста.

Шпекулацијата  е демантирана од страна на Бирото за развој на образование.  Во нивното соопштение стои дека: „Со химната на Република Северна Македонија учениците се запознаваат уште во прво одделение по наставните предмети општество и музичко образование, како и во петто одделение, каде што јасно стои во наставната програма по општество дека учениците преку интегрирани активности по музичко образование и по ликовно образование ги изработуваат симболите и ја учат химната на Република Македонија (наставна програма од 22 мај 2008 година)“.

Комплетната информација може да се најде на следниов линк.

Новата стратегија на МОН, има цел основците од шесто до деветто одделение  да ја научат културата и традицијата во областа на музиката од заедницата на која припаѓаат. Покрај тоа, тие ќе имаат и можност да ја изучуваат музичката култура и традиција на граѓаните од другите етнички заедници. Ова ќе биде реализирано преку слушање и обработка на песни и композиции, но и запознавање со инструментите и обележјата на тие заедници.  Целта на овој концепт е  да се унапреди мултикулурализмот и да се почитуваат различностите. Новинарите треба да настојуваат секогаш да ги проверуваат информациите кои ги објавуваат. Со објавувањето на непроверени  податоци, ја наведуваат јавноста на погрешни заклучоци, што е  спротивно на професионалното новинарско известување.

Leave a Reply

Share via
Copy link