ХОМЕР НЕ ЗБОРУВАЛ МАКЕДОНСКИ

By август 2, 2019 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#81

Дата:

02.08.2019

Извор:

365.mk

Време на читање:

2 мин.

Оригинален наслов:  Хомер зборувал јазик сличен на денешниот Македонски ?

На 27.07.2019 порталот 365.мк  објави текст со наслов во прашална форма.  Интересно е што овој текст е нов, само за овој портал.  Претходно, минатата година, неколку портали го пренесоа текстот, во истата форма, па дури и со насловот во прашална форма. Објавата во истата форма, се најде сега и на порталот Булевар. Текстот и сега, а и претходно е дезинформација.

Линк до објавата: 365.мк

Архива на објави: 365.мк , Булевар, Грид

Медиумите мора да ги почитуваат правилата за професионално известување.  Насловите на новинарските текстови не треба да бидат во прашална форма, затоа што тоа укажува дека информацијата која се пренесува не е потврдена.

Во текстот се наведува табела како доказ дека Хомер зборувал македонски.

Но, самиот текст не нуди сериозни докази кои вистински ќе ја потврдат оваа информација. Дури и посочената табела не посочува доказ, кој ќе ја потврди оваа шпекулација.

Leave a Reply