ЗА F2N2

Од ноември, 2018 година, Граѓанската асоцијација МОСТ1 започна да го имплементира проектот Fighting Fake News Narratives F2N2 (Борба против лажни вести и наративи)*, кој се состои од дневен систематски мониторинг на одбрана програма од ТВ канали, социјални мрежи и интернет портали, преку употреба на разни алатки, развиени програми и софтвер со отворен код.

Главната цел на F2N2 е да придонесе кон обновување на довербата кај граѓаните во демократијата и демократските вредности преку сеопфатно и систематско следење на развојот на наративите, борејќи се против дезинформациите и лажните вести.

F2N2 се бори против дезинформативните наративи, кои што содржат лажни информации, а се претставени како факти, лажни и непотврдени вести, погрешно интерпретирани факти и бројки, сé со цел да ги манипулираат и збунат граѓаните. F2N2 продуцира и објавува кратки-брзи стории, како и долги разобличувачки/ истражувачки стории и анализи и ги детектира каналите на дистрибуција на дезинформациите. Фокусот е на дезинформативните наративи (домашни и странски) кои се појавуваат околу клучните настани поврзани со Евро-атлантската интеграција на Северна Македонија.

*Акронимот F2N2 ќе се користи на сите три јазици достапни на порталот.

1Граѓанската асоцијација МОСТ е домашна, невладина и непартиска организација, основана во мај 2002 година.