На 7 февруари 2022 година програмскиот менаџер на проектот „Борба против лажни вести и наративи“ – FN, Росана Алексоска, гостуваше во Утрински брифинг. Тема на оваа емисија беа дезинформациите и влијанието кое Русија и Кина го имаат на Балканот.

Помеѓу останатото, Алексоска го истакна следното:

“Истражувачите што се занимавале со оваа тема издвоиле пет основни техники на дезинформирање. Првата е дискредитација или напаѓање, односно кога се нема аргументи се напаѓа личноста. Втората техника е дисторзија или извртување во прилог на еден наратив. На пример, во случајот кога на почеток од пандемијата пристигнуваше помош, Русија и Кина беа претставени како држави кои го спасиле регионот, бројот на интеракции на таквите статии беше многу висок и забележавме амплификација на овој наратив на социјалните мрежи. Друга техника е дефокусирање, како случајот со влегувањето на 5Г технологијата во земјата, што дури предизвика и протести во една општина.”

Алексоска исто така истакна дека:

“Од сето она што го забележавме во студијата ‘Дезинофмрациите и информациската дисторзија во Северна Македонија и во регионот влијанието на Русија се аплицира во вид на т.н. „остра моќ“ (англиски: sharp power). Станува збор за авторитарен режим кој го крши правото на слобода на говор, а во слободните општества го наметнува своето влијание. Во ранливите општества како нашето, тој дејствува така што го разорува информацискиот простор за да влијае врз перцепциите на граѓаните.”

Таа посочи дека постои борба на два концепти на вредности – демократските општества спроти илибералните режими и додаде дека кај нас постои таков простор, затоа што Балканот е ранлив на влијанијата од Русија и Кина.

“Причините за ранливоста на општествата е што постои фрагментираност и разлики по политичка и верска основа, а сето тоа на странските фактори им овозможува полесно да ги наметнат своите наративи.”

Алексоска додаде дека:

“Потребен е сеопфатен пристап односно вклученост и соработка помеѓу различни институции и чинители, како домашни така и странски, особено од нашите сојузници НАТО и ЕУ, меѓутоа потребна е и поголема јавна дебата и најважно од сè потребно е конечно да се признае дека постои проблем во оваа држава со Русија“.

Гостувањето можете да го погледнете на следниов линк.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2022 F2N2.