АПРИЛСКО ИЗДАНИЕ НА МЕСЕЧНИОТ ИНФОРМАТОР BALKANS WATCH BRIEFING

By мај 5, 2020 European Values

Нашите партнери, Европски вредности, го објавија априлското издание на месечниот информатор Balkans Watch Briefing. Темата на ова издание е ширењето на дезинформации во тандем со ширењето на КОВИД-19. Овие дезинформации имаат за цел да ги занемарат помошта и поддршката од ЕУ и САД, а за сметка на тоа ги претставуваат Русија и Кина како сјајни примери на глобално лидерство. Ова издание особено се фокусира на континуираните напори на Москва и Пекинг да го поткопаат трансатлантското единство во моменти кога тоа е најпотребно.

 

Европскиот сервис за надворешна акција (ЕЕАС) извести дека „во тек е сериозна дезинформативна кампања од руските државни медиуми и про-руски медиуми поврзана со КОВИД-19“. Западен Балкан не е исклучен од оваа „инфодемија“. Овие медиуми ја претставуваат ЕУ како некомпетентна и себична, НАТО како без кормилар, а Русија и Кина како доброволни спасители.

 

На овој линк може да се претплатите на месечниот информатор.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap