Победничкиот став на Белорусија кон појавата на КОВИД-19 го привлече вниманието на светот. Додека повеќето други европски земји, вклучително и Русија, воведоа строги мерки, Белорусија остана отворена. За разлика од Русија, Белорусија ја одржа и парадата на Денот на победата на 9ти мај, притоа избегнувајќи го социјалното дистанцирање. Ова ги предизвика руските медиуми да дејствуваат, и како резултат на тоа, Минск и Москва се вклучија во прилично остра размена на зборови за руското медиумско известување за Беларуското справување со епидемијата.

Вирус за долари

Еден од дезинформативните наративи, кој се шири преку неколку медиуми, вклучува тврдење дека белоруската опозиција намерно и по инструкции од „Западот“ се обидува да го прошири вирусот. Ова тврдење во базата на податоци на EUvsDisinfo за првпат е забележан на 18 февруари. Оттогаш, истиот се повторува во неколку наврати. На пример, Државниот секретар на САД им подарува “заразени шприцови“ на белоруската опозиција според упатства од Сорос (23 март); Опозицијата планира да организира геноцид на белорускиот народ (16 Април). Ова тврдење е забележано и оваа недела, според кое, белоруската опозиција постапува по европски инструкции за ширење на вирусот. Тие ја обвинуваат опозицијата за поткуп, дека наводно добивале по еден американски долар за секој новозаразен граѓанин во Белорусија. Според нивната “логика“, со сегашниот број на случаи на заразени со КОВИД-19 во Белорусија, тоа би изнесувало над 30.000 усд!

На глобално ниво, гласините поврзани со КОВИД-19 мутираа во последните месеци од избувнувањето. Првичните тврдења дека вирусот е дизајниран да ги таргетира исклучиво Азијците исчезна додека заразата се ширеше низ цела Европа, САД и Русија. Истотака, стана невозможно да се тврди дека Русија и другите „затворени општества“ се посоодветни за да се справат со болеста отколку демократските држави. Но, нападите врз белоруската опозиција се изненадувачки постојани. Истите гласови, се чини дека се ендемички поврзани со белорускиот медиумски простор.

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: EUvsDisinfo

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.