БИЛ ГЕЈТС ГЛАВНА ЛИЧНОСТ ВО ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР

Tags: Bill GatesNigeriavaccination
By јуни 8, 2020 мај 6th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#138

Дата:

24.05.2020

Извор:

kolozeg.info

Време на читање:

4 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален Наслов: Гејтс понудил 10 милиони долари мито пратениците тајно да изгласаат Закон за насилна вакцинација во Нигерија!

Порталот Коложег.инфо објави текст со содржина дека наводно во Нигерија, необразованиот “филантроп” Бил Гејтс е фатен како поткупува политичари за насилна програма за вакцинација за Коронавирус. Притоа се повикува на Африканските медиуми кои пишувале дека: „Опозициските политички партии го отфрлија „предлог-законот спонзориран од странство“ со кој се озаконува задолжителното вакцинирање на сите Нигеријци дури и кога вакцините не се откриени и побараа да се казни спикерот ако го наметне нацрт-законот во парламентот”.

Авторот на текстот дури прави компарација на “ситуацијата” за која се пишувало во Нигерија, со нашиот здравствен систем , па неосновано, без никакви докази изнесува сериозни обвинувања насочени кон Министерот за здравство Венко Филипче:”Еве од кај му идат идентично срочените наредби и на Филипче, ма вакцинирај цел народ за корона со што ќе ти падне под рака, и вакцина за грип нека е, и со поминат рок, било што, од-око, само убивај и осакатувај народ и полни го и онака преполното лакомо џепче!“.

 

Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Повикувајќи се на африканските медиуми, во статијата е споделен линк од поратлот dezmayorz.orgкаде што Бил Гејтс воопшто не се спомнува и се работи за сосем друг текст кој исто така е дезинформација. Понатаму во текстот се повикува и на порталот allafrica.comод кој делумно ја копирале веста без притоа да нагласат дека и на самиот тој текст пишува дека „Не постојат докази за овие обвиненија“.

Воедно авторот “пропуштил” да ја пренесе целата содржина од текстот на порталот allafrica.com односно изнесувањата на страната која е наводно обвинета за примање поткуп. Имено во текстот стои само дека Претставничкиот дом формирал Ад хог Комисија која ќе ги испита обвинувањата за наводен поткуп и спикерот ветил дека ќе има јавна расправа за законот. Но само толку.

Порталот не го пренесува делот од текстот во кој се пишува за изјавите на потпретседателот на Претставничкиот Дом Ахмед Вајс кој кажува дека, ниту тој ниту било кој друг член на Домот, не земале пари од никого. Истотака, мнозинскиот лидер Г-дин Догува изјавил дека Домот не земал пари од никого, додавајќи дека Домот си ја извршува својата работа во согласност со она што е неопходно за безбедноста на луѓето.

И лидерот на малцинската група во Домот, г.дин Елумелу, ги негира наводите дека Домот добил 10 милиони УСД за да се усвои законот.

Спикерот на Домот Г дин Габаџамила истакнал  дека со одговарање  на ваквите неосновани обвинувања, им се дава кредибилитет на истите. Во таа насока тој додава дека дејствијата на одредени онлајн медиуми , само ја поткрепуваат потребата за регулирање на објавите на социјалните и онлајн медиуми.

Според него, ова обвинување има доволно тежина да се превземат правни дејствија против медиумската организација. За таа цел ги задолжува надлежните да ги превземат потребните правни дејствија, а за претседател на ад-хок комисијата бил именуван Хенри Навоуба.

 

Предлог-законот за укинување на Законот за карантин, како и донесување на Закон за контрола на заразни болести, поминале на второ читање под контроверзни околности во Домот на 28 април.

Предлог-законот, меѓу другото, предвидуваше да се овласти Нигерискиот центар за контрола на болести (NCDC), да и наложи на администрација да спроведе вакцинација врз сите Нигеријци во напорите за контролирање на болестите.

 

Предлог-законот, поминал со критики од политичките партии, граѓански организации и поединци.

Како одговор на критиките, Г-дин Габаџамила кој е предлагач на законот, го повлече предлог законот, велејќи дека тој ќе биде подложен на јавна расправа.

 

Дека се работи за лажни и неосоновани обвинувања, за наводен поткуп на нигериските пратеници од страна на Бил Гејтс, се огласил и претставникот на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, д-р Паулиу Басинга. За The Guardian Nigeria тој изјавил  дека немало интеракција помеѓу него или фондацијата со законодавниот дом на Нигерија; „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс неодамна е запознаена со обвинението што кружеше по одредени социјални медиуми и нигериските медиуми дека фондацијата била вклучена во некаква исплата, наводно направена во нигерискиот законодавен дом на претставниците. Сите такви обвинувања се целосно лажни и неоснавани.“

 

Согласно горенаведеното, не постојат докази за наводен покуп на Нигериските пратенци од страна на Бил Гејтс. Според тоа тврдењата што се изнесени се неточни и лажни.

Вакцина за коронавирусот сеуште не е откриена. Предлог Законот за контрола на заразни болести во Нигерија само се поклопува со актуелниот момент на борбата со коронавирусот и откривање на вакцина или лек.

Овие сериозни обвинувања и непотврдени “информации” само создаваат дополнителен страв и паника кај јавноста и недоверба во институциите. Овој текст е одличен пример за тоа. Затоа не дозволувајте да бидете манипулирани. Проверете тоа што ќе прочитате.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap