ОПИС

Оригинален наслов: ШОК ТВРДЕЊЕ! ЕПИДЕМИОЛОГ ПОНОВО ШОКИРАШЕ! Бил Гејтс ја патентирал короната уште во 2018? Еве кој стварно стои зад Пандемијата

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, преку Институтот Pirbright, во која тие се „главни акционери“, се здоби со „патент за самиот корона вирус на 20.11.2018 година. Значи, тие се сопственици на „проблемот“!“, – Ова е тврдење на порталот мкдпресс.мк.

Во статијата се наведува дека на овој начин, Бил Гејтс и неговата сопруга имаат улога во решавањето на кризата, наведувајќи дека вирусот е „пуч“ намерно создаден од Гејтс кои што сега ќе се јават во улога на спасител на светот со веќе готова вакцина.

Текстот се повикува и на тврдењата на извесен Марк Талијано според кој на луѓето им е наметната “Четвртата индустриска револуција“, која ја достигнуваме со невработеност, фискални и социјални проблеми, закони за итни случаи, авторитаризам и програми за вакцинирањеЛинкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.

ФАКТ/И

Не е вистина дека Бил и Мелинда Гејтс финансирале вакцина против коронавирус, а уште помалку дека се акционери. Тие се обични донатори како и многу други кои што имаат можност и желба за инвестиција во науката.

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс финансирала истражувања за британскиот Институт „Пирбрајт“ во текот на 2013 и 2016 година, за универзална вакцина против грип кај животни, бидејќи Институтот во моментот не работи на вакцини за луѓе туку за животни.

„Pirbright“ Институтот на 24 јануари 2020 година, кога почна пандемијата, демантираше дека има било каков „патент за вирусот“.

„Институтот Pirbright спроведува истражувања за заразен вирус на бронхитис (IBV), коронавирус којшто инфицира живина, и свински deltacoronavirus што инфицира свињи. Пирбрајт во моментов не работи со човечки коронавируси. Институтот има патент бр. 10130701 кој опфаќа развој на ослабена форма на коронавирус, што потенцијално може да се користи како вакцина за да се спречат респираторни заболувања кај птици и други животни. Многу вакцини се прават на овој начин, од грип до детска парализа. Сè уште не сме развиле вакцина против IBV, но истражувањето е во тек“, се вели во соопштението на британскиот центар за истражување.

Пирбрајт потсетува дека не работел на вакцини за луѓе досега, но нивното искуство на истражувањата за животни и нивната реакција на вакцините ќе им помогне во пронаоѓање на ефективна вакцина против коронавирусот кај луѓето.

Кој е Марк Талијано, анти глобалистот кој се занимава со Бил Гејтс?

Авторот на текстот којшто го анализираме се повикува на теории на заговор пласирани од извесен Марк Талијано, независен автор, анти-глобалист, кој што пишува за неколку платформи вклучувајќи го и „Центарот за истражување на глобализацијата“, каде објавува написи, коментари, истражувања за широк спектар на прашања за глобализација и антиглобализација.

Талијано има и свој веб сајт каде што пишува главно за војната во Сирија, но во неколку текстови Талиано се фокусира и на Бил Гејтс за кој смета дека е наводно главниот актер во политичкиот, здравствениот и медиумскиот свет криејќи се зад наметката на развивач на софтвери.

Теориите на заговор против Бил Гејтс се стари колку и самиот вирус

Овој наратив за Бил Гејтс не е нов. И во јануари, и во февруари, и во март веќе имаше вакви тврдења кои што странските сервиси вклучувајќи го и EUvsDisinfo ги разобличија.

За потсетување, светот сеуште се труди да пронајде соодветна вакцина против коронавирусот. Да беше вистинито тврдењето за наводна вакцина уште од 2018 година, тогаш досега би се профититало многу, и не би се дозволило толку луѓе да починат.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.