БИЛ ГЕЈТС НИКОГАШ ГИ НЕМА СПОМЕНАТО МИКРОЧИПОВИТЕ ВО КОНТЕКСТ НА КОРОНАВИРУСОТ

Многу теории на заговор, појавувањето на коронавирусот го поврзуваат со името на Бил Гејтс, основачот на Микрософт. Обвинувањата одат во насока, дека Бил Гејтс коронавирусот го користи за воведување на задолжителна вакцинација на популацијата, со која ќе бидат поставени микрочипови и луѓето ќе може да бидат контролирани. Последна од низата од вакви обвинувања доаѓа од осудениот советник на Доналд Трамп – Роџер Стоун, кој рече дека вирусот од ваков тип најверојатно не е создаден од кинезите туку од Бил Гејтс.

Ваквата изјава на Роџер Стоун е пренесена и кај нас, поточно од страна на порталот Popara.mk.

Слична ваква изјава, има дадено и познатиот руски тенисер, Марат Сафин, кој вели дека со коронавирусот се подготвуваат луѓето да бидат микрочипувани. (Повеќе за него може да прочитат во овој линк).

И на социјалните мрежи се споделуваат информации дека преку вакцините ќе бидат поставени микрочипови и дека тоа ќе биде во име на борбата против коронавирусот.

Ваквите тврдења беа разобличени од страна на Ројтерс преку проверка на фактите. Шпекулаците за микрочиповите почнаа да произлегуваат од прашањата поставени на блогот на Бил Гејтс.

На прашањето кои промени треба да се направат за да функционира бизнисот и да се одржи економијата и да се обезбеди социјалното растојание, Бил Гејтс одговара:

Прашањето за кои бизниси треба да продолжат да се одвиваат е незгодно. Секако, снабдувањето со храна и здравствениот систем. Сè уште ни треба вода, електрична енергија и интернет. Треба да се одржат синџирите на снабдување за критични работи. Земјите сè уште се обидуваат да разберат што да продолжи со работа. Евентуално ќе имаме некои дигитални сертификати за да покажеме кој неодамна закрепна или се тестирал или кога имаме вакцина да знаеме кој ја примил “, одговара Бил Гејтс. Токму од споменувањето на “дигиталните сертификати“, произлегоа шпекуклациите за микрочиповите.

Ројтерс постави прашање до Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс за “дигиталните сертификати“, и тие одговорија дека: “Упатувањето на ‘дигитални сертификати’ сe однесува на напорите за креирање на отворена дигитална платформа чија цел ќе биде проширувањето на безбедно, домашно тестирање“, а не вградување на микрочипови. Имено, двете процедури суштински се разликуваат.

 

Вистината е дека Бил Гејтс, форсира употреба на “дигитални сертификати“ со здравствени досиеја, но тој никогаш не изјавил дека тие ќе бидат во форма на импланти на микрочипови. Нема планови да се користи оваа идна технологија за време на појава на коронавирусот.

Во изминатиов период имаше и други лажни теории дека коронавирусот е дело на милијардери. Повеќе за тоа може да прочитате на овој линк.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap