БРИТАНИЈА ПОЧНА ТЕСТИРАЊЕ НА ВАКЦИНАТА ЗА КОРОНАВИРУСОТ ВРЗ ЛУЃЕ

Лондон (Би-Би-Си) – Во Европа почна испитувањето на вакцина против коронавирусот врз луѓе. Тестирањето се врши на Оксфорд универзитетот.

Тестирањето на студијата почна со инјектирање кај двајца волонтери, првите од над 800 пријавени за оваа студија.

Првоинјектираната е Елиса Гренато, научник која за Би- Би -Си изјави: „Јас сум научник, затоа сакав да го поддржам научниот процес“

Половина ќе добијат вакцина „Ковид-19“, а половина контролна вакцина која штити од менингитис, но не од коронавирус. Учесниците во студијата нема да знаат која вакцина им е инјектирана. Тоа ќе го знае само тимот на лекарите кои ќе го следат истражувањето.

Вакцината е развивана на универзитетот Оксфорд, за помалку од три месеци. Направена е од ослабена верзија на обичен вирус на настинка (познат како аденовирус) кај шимпанза. Има модификации со цел да не се развива кај луѓе.

Истражувачите на вакцината дадоа приоритет на локалните здравствени работници во научното истражување, бидејќи кај нив има поголема веројатност да дојдат во допир со вирусот.

 

Извор: BBC.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap