БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ВО САД НАДМИНА НАД ЧЕТИРИ МИЛИОНИ

By јули 24, 2020 Retrieved

(Ројтерс) – Вкупниот број на случаи со коронавирус пријавени во САД, надмина над 4 милиони во средата 23.07.2020, како резулатат на брзото ширење на заразените во земјата, од моментот кога е регистриран првиот случај позитивен од коронавирусот, на 21 јануари.

 

За 98 дена во САД  се регистрирани првите милион случаи од заразата, а само за 16 дена бројката од три милиони порасна на четири милиони случаи, според податоците на Ројтерс. Бројот на новите случаи од КОВИД 19 во просек расте за 2.600 лица на час, што е најголемата стапка глобално во светот.

 

Како што епидемијата се шири низ САД, од жариштето Њујорк кон југот и западот на земјата, сојузните и локалните власти имаат различни ставови околу начините како да се сузбие, вклучително и за тоа како и кога да се ублажаат социјалните и економските ограничувања, воведени во насока на спречување на ширење на заразата.

 

 

Извор: Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap