ОПИС

Оригинален наслов: СКАНДАЛ : ВИДИ ФИЛИПЧЕ КОЛКУ ЧИНИ КОРОНА ТЕСТ ВО ГЕРМАНИЈА И ДАЈ НИ ОДГОВОР ЗОШТО КАЈ НАС Е ДАЛЕКУ ПОСКАП?!!!На 26 јуни порталот ДоказМ објави текст со наслов: СКАНДАЛ : ВИДИ ФИЛИПЧЕ КОЛКУ ЧИНИ КОРОНА ТЕСТ ВО ГЕРМАНИЈА И ДАЈ НИ ОДГОВОР ЗОШТО КАЈ НАС Е ДАЛЕКУ ПОСКАП?!!! Во прилог стои слика од фактура по направен тест со цена од 18.74 евра, под која е изнесено тврдење дека корона тестот во Германија чинел нешто повеќе од 1000 денари. Па поставува прашање:. До каде може да оди безобразлукот во Македонија?? Или можеби имаме подобар стандард?! Сигурно!! СРАМОТА!!!

 

Линк до оригиналниот текст може да најдете тука.

ФАКТ/И

Порталот ја превзел сликата од пост на твитер профил на извесен Игор Чобановиќ кој ја постирал истата и напишал :”Цена на тест во Германија. Во Шпанија е 20, Италија е 30 а во Србија 50”.

Без да направи дополнителна проверка на она што го тврди непознато лице–приватен профил на твитер корисникпорталот ја пласирал “информацијата”, дури со остра критика на здравствениот систсем на нашата земја, поточно упатена до министерот за здравство Венко Филипче.

Но вистината е сосема друга.

И самото лице кое ја постирало сликата со цена на тест, понатаму во постот се демантира себеси пишувајќи дека се работи за тест за присуство на антитела којшто е поевтин и дека таквиот тест наводно во Србија е 10 евра како што пишувало на сајтот. Но порталот не ги земал предвид останатите коментари на постот од лица кои дошле од Германија и пишуваат која е вистинската цена на тест во Германија, дека тестот чини 120 евра, дека цената во Австрија е од 120 до 180 евра. Иако не се работи за официјални извори кои може да ја потврдат вистинската цена на тестовите , сепак кога веќе превземал таков пост за да упати остра критика, би требало да ги земе предвид и останатите коментари на луѓе кои “сведочат” за цената.Она што треба да се знае е дека се работи за тест којшто анализира присуство на антитела, односно серолошки тест којшто секаде низ светот е поевтин, но помалку кредибилен. За разлика од овој тест молекуларниот тест го детектира присуство на вирусот и е поскап поради неговата поголема сигурност, но и поради другите пропратни трошоци. Но порталот “пропуштил” да го наведе тоа.

Цените на тестовите за коронавирус во Германија се движат од 40 евра па се до над 200 евра.

Кај нас цените на тестовите за Ковид -19 се објавени во Соопштение од Фондот за здравствено осигурување, каде што може да се види дека лабораториска услуга за серолошка анализа за присуство на антитела на причинителот на инфекцијата изнесува 1100 денари. Всушност за овој тест станува збор и во виралната фотографија на социјалните мрежи, а која се најде и на портал во нашата земја.

Додека пак лабораториска услуга за молекуларна анализа за инфективни причинители, во зависност од техниката и бројот на причинители ( еден, повеќе или цел сет на вируси) кои истовремено се детектираат, цената се движи од 3000 до 5500 денари. Во сумата на овие референтни цени се влезени сите трошоци за извршување на овие здравствени услуги.Сите наведени цени се со партиципација според Одлуката за висина на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги, а до Фондот се фактурираат без партиципација.

Вакви слични теории за пониски цени на тестовите во Германија се објавувани освен во Србија, Северна Македонија и во Хрватска кои исто така беа отфрлени како неточни од страна на хрвaтскиот сервис за проверка на факти Faktograf.hr.

Ова е чиста манипулација со јавноста, со цел да се поттикне незадоволство и недоверба во инстиуциите на системот.

Порталите треба да пренесуваат точни и проверени информации потврдени со веродостојни докази, а не полувистини или нецелосни информации во кои се пропуштени битни факти.

Читателската публика не треба да “наседнува” на вакви шпекулации кои може само да предизвикаат револт без причина. Социјалните мрежи се простор на кој се споделуваат голем број на дезинформации. Затоа проверувајте тоа што ќе прочитате. Уште повеќе и затоа што не сите новинари го почитуваат Новинарскиот кодекс при објавување на свои текстови.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.