ЧЕТИРИ РУСКИ ГУВЕРНЕРИ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ – “ОВА НЕМА ВРСКА СО КОРОНАВИРУСОТ“?

Русија – Рускиот претседател Владимир Путин (напред) носи жолт заштитен елек при посета на болница за пациенти со симптоми на COVID-19 болест предивикана од SARS-CoV 2 коронавирусот во населбата Комунарка во нова Москва, Русија, 24 март 2020

Во драматичен развој на настаните четири Руски гувернери си поднесоа оставки во послениве 48 часа на 2 и 3 Април во регионите Архангелск, Камчатка и Ненец како и во Република Коми.

Овие оставки се совпаднаа или дојдоа веднаш по обраќањето на јавноста од страна на Претседателот Владимир Путин на 2 Април во врска со пандемијата предивикана од COVID-19.

Путин ги прифати сите четири оставки, и именуваше привремени замени, кои чекаат да бидат изгласани од страна на локалните парламенти во овие области. Во меѓувреме, губернаторите во еден глас изјавија дека оставките ги поднеле на доброволна основа од причини кои не се поврзани со коронависрусот.

Овие тврдења, и извештаите од државните медиуми во врска со оставките, беа оспорени од страна на независните медиуми и други извори.

Справувањето со пандемијата од страна на Руските власти како и статистиките кои покажуваат релативно мал број на заразени и починати, предизвикаа сериозен сомнеж. Критичарите велат дека Путин ја понуди Руската поддршка на САД и Италија за да си обезбеди пропагандна победа.

Хронологија на COVID-19

Обраќањето на Путин на 2 Април беше негово второ во последните 10тина дена на тема COVID-19. Обете обраќања беа претходно снимени во Кремљ.

Во своето прво обраќање на 25 Март, Путин посочи дека Русија го контролира висрусот благодарение на “превентивните мерки“. Тој вети платен одмор за сите работници од 28 Март до 5 Април и го одложи националниот Референдум за измените во уставот на Русија, со кои тој добива право на уште еден овој пат 12 годишен мандат како Претседател на Русија. Исто така, тој посочи дека ќе финансискиот товар и одговорноста во борбата со COVID-19 ќе им припадне на локалните власти.

Во времето на неговото прво обраќање, официјалниот број на регистрирани заболени од COVID-19, болеста која е предизвикана од коронавирусот SARS-Cov-2, во Русија беше неколку стотини. Сепак, Путин беше критикуван заради не прогласување на вонредна состојба.

Други пак, ја предизвикаа точноста на официјалните статистики за коронавирусот.

Но по ова немаше никакви оставки.

Русија – Руски полициски офицер ги проверува документите на пешак бидејќи Козаците стојат во близина додека тие патролираат во област, откако локалните власти ги заострија мерките за спречување на ширењето на корона вирусот (COVID-19), во Ростов-на-Дон, април

Потоа на 2 Април, Путин објави дека наредбата за одмор на ниво на целата држава, им овозможила на властите добро да се подготват за моментот кога пандемијата ќе го достигне својот максимален интензитет.

Путин, исто така, посочи дека ќе делегира поголеми овластувања на локалните губернатори земајќи предивд дека секој регион/област има различни потреби па така тие ќе можат да одлучуваат за тоа какви рестриктивни мерки се неопходни за справување со вирусот.

Четирите губернатори дадоа оставки во само неколку часа. Ниту еден од нив не го спомена коронавирусот, наместо тоа, сите “образложија во еден глас“ дека не успеале да ги исполнат ветувањата дадени на нивните гласачи наведувајќи дека оставките се на доброволна основа.

Медиумите во државна сопственост исто така известуваа дека оставките не се поврзани со COvID-19 или обраќањата на Путин во врска со коронавирусот.

Валери Раенко, Претседателот на Парламентот на Камчатскиот округ, за Интерфакс изјави дека: “ Може со сигурност да се каже дека одлуката на Владимир Иванович (Иљукин) нема никаква врска со коронавирусот.“

Спротивни стории во медиумите

Оваа изјава е сомнителна.

Комунистичката Svobodnaya pressa и економската новинска агенција RBC.ru, која е во делумна сопственост на Гаспром, објавија дека оставките се поврзани со начинот на кој овие губернатори се справувале со коронавирусот.

Според RBC.ru, Руската владина агенција за надзор на епидемиологијата и јаното здравје – Rospotrebnadzor го критикуваше губернаторот на областа Камчатка, Владимир Иљукин, на 1 Април, за не ефикасен одговор на епидемијата.

Според Svobodnaya pressa пак, најистакнатите пратеници од редот на Путиновата “Единствена Русија“ не штеделе критика токму за овие 4 губернатори, за тоа како се справуваат со коронавирусот.

Русија – Лице кое носи заштитна маска стои во скоро напуштената метро станица Комсомолскаја во Москва, 3 април, 2020

Недовербата на Руската јавност во официјалните државни статистики за COVID-19 расте.

Независниот медиум Medusa.io го постави прашањето зошто здравствените власти во Русија објавиле идентична бројка на извршени тестови за три последователни денови.

Анастасиа Василева, шефот на Рускиот медицински синдикат, кој ги обвини властите за прикривање на вистинските статистики поврзани со коронавирусот, според извештаите, била два пати уапсена заради своите активности и изјави.

Според статистиките презентирани од страна на Johns Hopkins Institute од Балтимор, Русија известила за нешто над 4000 случаи на луѓе заразени и 34 починати од COVID-19 заклучно со 13 Април.

 

Статијата е комплетно превземена од polygraph.info, оргиналниот текст можете да го прочитате на следниов линк.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap