Членството на Северна Македонија во НАТО НЕМА да чини 200 милиони €

Tags: anti-NATONATO membership fee
By март 27, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation, Spin

Дезинформација бр:

#9

Дата:

20.03.2019

Извор:

expres.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: Годишна членарина во НАТО – 200 милиони евра.

Насловот и текстот не кореспондираат еден со друг. Порталот врши извртување на изјавата на премиерот Зоран Заев, користејќи ја Википедија како официјален извор за поткрепа на тврдењата. Дополнително, текстот само ја пренесува изјавата, додека насловот се користи за донесување неоснован заклучок.

Линк до оригиналната статија тука.

Линк до архивираната оригинална статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Тврдењето содржано во насловот на статијата дека Северна Македонија ќе потроши 200 милиони евра како надоместок за членство во НАТО е лажен и неточен. Надоместокот за членство во НАТО ќе се движи од 1,2 до 1,5 милиони евра.

Текстот нуди податоци за 2016 година, кои во дадениот контекст од 2019 година немаат никаква смисла. Дополнително, Википедија не е сигурен извор на информации поради фактот што секој може да ја ажурира содржината и нема процес на адекватна проверка на податоците.

Сите сојузници на НАТО учествуваат во заедничкиот буџет со директни придонеси, утврдени со помош на посебна формула за поделба на трошоците врз основа на висината на износот на бруто општествениот доход (БОД) и износот на вкупниот буџет на НАТО. Според оваа формула, и како што е наведено од министерката Радмила Шеќеринска, износот на годишната членарина во НАТО на Република Северна Македонија ќе изнесува околу 1,2 милиони евра, што е приближно 0.0721% од буџетот на НАТО.

Сè на сè, податоците претставени во оригиналната статија се од неверодостојни и непроверени извори и одредени информации се намерно злоупотребени за извртување на фактите, со цел да создадат анти-НАТО наратив помеѓу граѓаните на Република Северна Македонија.

Извор: Топ Тема на Телма ТВ, 06.02.2019, Радмила Шеќеринска, Министер за одбрана на Република Северна Македонија

Тема: Македонија како членка во НАТО

Линк до емисијата тука

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap