ДАЛИ ВЕРУВАЊЕТО ВО ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР Е УТЕШИТЕЛНО?

Може да понудите контра – аргументи во обид да ги убедите теоретичарите на заговор да се откажат од нивните теории на заговор, но веројатно нема да успеете. Ова е затоа што вие расправате со факти, додека тие го бранат чувството за безбедност и позитивните црти за себе. И за сите нас, авто-сликата ги надминува фактите секој пат. Ако вашата цел е да ги убедите теоретичарите на заговор, тогаш емпатичен пристап е неопходен само за да имате нормален дијалог. Но, исто така, кога ќе разговарате со теоретичарите на заговор, направете го на начин што не ги загрозува или зајакнува нивните ставови.

Од екстровертна и интровертна, до бурна и смела, личноста е уникатна, повеќеслојна и комплексна. Личноста се однесува според карактеристичен збир на особини – карактеристични модели на размислување, чувство и однесување. Таа потекнува од мешавина на вродени распределби и склоности, заедно со фактори и искуства стекнати во животното опкружување. Иако личноста може да се промени со тек на време, основните карактеристики на нештата имаат тенденција да останат стабилни во текот на целиот живот.

Денес, психолозите генерално ја дефинираат личноста во однос на пет основни линии. Петте линии на личноста се; отвореност кон искуство, совесност, екстровертност, согласност и невротичност[1].

Според неодамнешни истражувања во психологијата, во обид да се утврди зошто некои луѓе се особено подложни на теории на заговор откриено е дека луѓето кои веруваат во теории на заговор имаат тенденција да имаат поголема потреба од когнитивно разрешување на работите (желбата да се најде објаснување кога недостасуваат објаснувања) и да бидат уникатни. Тие со поголема веројатност имаат когнитивна пристрасност наречена хиперсензитивно откривање на агендата или телеолошко размислување (при што настаните се пренасочени на скриени сили, цели и мотиви). Некои истражувања исто така откриле дека верувањето во теорија на заговор е поврзано со пониско ниво на образование и аналитичко размислување[2].

Истражувањата исто така откриваат дека половина од американското население верува во барем една политичка или медицинска теорија на заговор. Значи, верувањето во теориите на заговор е многу понормално отколку што многумина од нас мислат.

Според британскиот психолог Карен Даглас и нејзините колеги во неодамнешната статија во списанието Тековни Насоки во Психолошката Наука, истражувачите откриле дека причините да веруваат во теории на заговор може да се групираат во три категории:

  • Желбата за разбирање и сигурност
  • Желбата за контрола и безбедност
  • Желбата да се одржи позитивна слика за себе

 

Желбата за разбирање и сигурност – Барањето објаснувања за настани е природна човечка желба. Постојано прашуваме зошто се случуваат некои работи како што се случуваат. И ние не само што поставуваме прашања, исто така, брзо наоѓаме одговори на тие прашања – не мора да бидат вистински одговори, туку одговори што нè утешуваат или што се вклопуваат во нашиот поглед на светот.

Сите ние имаме лажни верувања, односно работи за кои веруваме дека се вистинити, но всушност не се. Теориите на заговор, исто така, се лажни верувања, по дефиниција. Но, луѓето што веруваат во нив имаат интерес да ги одржуваат. Прво, теоричарите на заговор вложуваат напори да го разберат објаснувањето за теоријата на заговор за одреден настан, дали со читање книги, одење на веб-страници или гледање ТВ-програми кои ги потхрануваат нивните верувања. Неизвесноста е непријатна состојба и теориите на заговор даваат чувство на разбирање и сигурност што е утешително.

Желбата за контрола и безбедност – Луѓето имаат потреба да чувствуваат дека го контролираат животот. На пример, многу луѓе се чувствуваат побезбедни кога се возачот во автомобилот отколку патникот. Се разбира, дури и најдобрите возачи можат да предизвикаат сообраќајни несреќи од причини кои се надвор од нивната контрола.

Исто така, теориите на заговор можат да им дадат на своите следбеници чувство на контрола и безбедност. Ова е особено точно кога алтернативното значење претставува закана. На пример, ако глобалните температури растат катастрофално како резултат на човековата активност, тогаш ќе треба да направиме болни промени во нашиот удобен начин на живеење. Но, ако експерти и политичари не уверат дека глобалното затоплување е измама, тогаш можеме да го задржиме својотактуелен начин на живеење. Овој вид мотивирано размислување е важна компонента во верувањето во теоријата на заговор.

Желбата да се задржи позитивна слика за себе – Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се чувствуваат социјално маргинализирани, најверојатно, повеќе веруваат во теории на заговор. Сите ние имаме желба да одржуваме позитивна слика за себе, што обично потекнува од улогите што ги играме во животот – нашите работни позиции и нашите односи со семејството и пријателите. Кога знаеме дека правиме позитивна разлика во животот на другите – како родител, сопружник, пријател, учител или ментор – ние ги гледаме нашите сопствени животи како вредни и се чувствуваме добро за себе. Повеќето луѓе кои веруваат дека глобалното затоплување е реално или вакцините се безбедни, не го праваат тоа затоа што ја разбираат науката. Наместо тоа, тие им веруваат на експертите.

 

 

Накратко, имаме добро разбирање за тоа што ги мотивира луѓето да веруваат во теории на заговор. Тие го прават тоа заради три основни потреби што сите ги имаме: да го разбереме светот околу нас, да се чувствуваме сигурно и во контрола и да одржуваме позитивна слика за себе. Но, дали верувањето во теоријата на заговор всушност им помага на луѓето да ги задоволат овие потреби?

Може да понудите контра – аргументи во обид да ги убедите теоретичарите на заговор да се откажат од нивните теории на заговор, но веројатно нема да успеете. Ова е затоа што вие расправате со факти, додека тие го бранат чувството за безбедност и позитивните црти за себе. И за сите нас, авто-сликата ги надминува фактите секој пат. Ако вашата цел е да ги убедите теоретичарите на заговор, тогаш емпатичен пристап е неопходен само за да имате нормален дијалог. Но, исто така, кога ќе разговарате со теоретичарите на заговор, направете го на начин што не ги загрозува или зајакнува нивните ставови[3].

 

Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.

 

Извори: F2N2, Psychology Today.

 

[1] https://www.psychologytoday.com/intl/basics/personality

[2] https://www.psychologytoday.com/intl/blog/psych-unseen/201904/what-makes-people-believe-in-conspiracy-theories

[3] https://f2n2.mk/so-empatija-protiv-teoriite-na-zagovor-za-kovid-19/

 

Leave a Reply

Share via
Copy link