ДАНСКА И НОРВЕШКА ГИ УРИВААТ МЕЃУСЕБНИТЕ ГРАНИЧНИ КОНТРОЛИ, НО ЈА ИСКЛУЧУВААТ ШВЕДСКА

Норвешка и Данска ќе овозможат туризам меѓу нивните две земји од 15 јуни, но ќе применат ограничувања за Шведска.

 

Шведска не примени рестриктивни мерки, за разлика од нејзините нордиски соседи, а бројот на починати од „Ковид 19“ – е над 4.000 , кој е највисок во Скандинавија.

 

Данската премиерка Мете Фредериксен изјавила дека Данска и Шведска се на различни ставови во врска со пандемијата. Данска покрај Норвешка, ќе ги отвори границите со цел да овозможи туризам и со Германија и Исланд.

 

Туристите од овие земји нема да можат да преноќат во Копенхаген, каде има најмногу случаи од коронавирус. Данците ќе можат да патуваат во Норвешка, Германија и Исланд, без при тоа да бидат во карантин.

 

Оваа информација ги наруши очекувањата  жителите на Данска,  кои се надевале дека ќе патуваат во Јужна Европа на одмор. Министерот за надворешни работи на Данска  препорачал да се избегнуваат големи градови, а луѓето да се држат до селата.

 

На заедничката видео-конференција за новинари, норвешката премиерка Ерна Солберг изјавила: „Не можеме да се отвориме наеднаш, тоа би загрозило сè што постигнавме“.

 

Извор: BBC.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap