ДЕСЕТ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ ЌЕ ПОЧНАТ СО ДЕЛУМНО ПОПУШТАЊЕ НА МЕРКИТЕ

Tags: COVID-19USA
By мај 3, 2020 Other

Десет американски држави почнаа со олабавување на мерките за ограничување, поради КОВИД-19.

По неколкунеделното затворање заради пандемијата на коронавирус, САД започна полека да се отвора. Плажите и државните паркови повторно се отвораат за посетители. Oва предизвикува и загриженост, поради пренатрупаноста. Првите бербери почнаа со работа, со задолжителни маски на лицето. Одредени ресторани веќе се подготвуваат повторно да да ги услужат потрошувачите.

Тексас е  една од државите кои се одлучија на ваков чекор. Во оваа  држава ќе им биде овозможено на рестораните, кината и другите бизниси да се отворат, но ќе мора да го ограничат капацитетот на 25%.

Алабама, Мејн и Тенеси ќе дозволат да завршат препораките за останување дома.

Гувернерот на Њујорк најави делумно започнување на деловните активности од 15 мај во одредени делови, а гувернерот на Конектикат очекува повторно активирање на одредени бизинис и простории за рекреација од 20-ти мај.

Уредбите за останување дома, во Мичиген се продолжени до 15-ти мај, што резултираше со  протести.

 

Извор: BBC.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap